Фудбалски судија поништил гол бидејќи се налутиле играчите
Фудбалски судија поништил гол бидејќи се налутиле играчите
Судија од виетнамската фудбалска лига е суспендиран 4 натпревари бидејќи прво признал гол, а покасно се предомислил. Фудбалскиот сојуз го укорил судијата Нуен Хуан затоа што попуштил под притисокот на фудбалерите од тимот на Данага, кои бесно го напуштиле теренот откако судијата го признал голот кој го постигнале фудбалерите на Дом Танг Лонг Ам.
Фудбалерите на Данага се вратиле после 20 минути откако судијата го поништил голот и го вратил резултатот на 3 - 3 во нивна корист.
На состанокот со дисциплинската комисија, судијата тврдел дека никој не влијаел на неговата одлука. Суспендиран е со 4 натпревари, а неговиот асистент на 3, бидејќи не го пријавил инцидентот во извештајот.
Тренерот на Данга е казнет 500 евра,и исто така не смее да присувствува на 4 натпревари.
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот