Јапонец се запалил, а запалка му дал полицаец
Страна 1 of 1
Јапонец се запалил, а запалка му дал полицаец
Еден јапонец се запалил во полициска станица за време на сослушувањето, а запалка му позајмил полициски службеник, иако претходно знаел дека се полил со бензин, изјавила полицијата, а пренесуваат медиумите.
Хифуми Кубота (45) е приведен во саботата во полициската станица во Нагои, во центарот на Јапонија, откако сопругата го пријавила поради насилно однесување.
Пред да излезе од куќата, се полил со бензин пред очите на полицијата, вели портпаролот на полициската управа.
Кубота во полициската станица одбил да ја соблече облеката натопена со бензин и побарал дозвола за време на сослушувањето да може да пуши.
Без оглед на знакот за забрането пушење, и облеката натопена со бензин, полицаецот му дал цигара и запалка.
Штом ја запалил цигарата, Кубота се протворил во жив факел, кажуваат медиумите.
Портпаролот на полицијата не сакал да дава детали за настанот, но кажал дека Кубота бил веднаш префрлен во болница каде утредента им подлегнал на повредите.
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот