Американка платила казна за паркирање од 1976
Страна 1 of 1
Американка платила казна за паркирање од 1976
Полицијата од американскиот град Калумет веќе одавна заборавила на казната од еден долар за неправилно паркирање од 1976 година.
Но жената која ја нашла на шофершајбната од својот автомобил не заборавила.
Ливчето на кое била напишана казната, порака и 20 долари стигнале во полициската станица во обичен бел коверт, но без адреса на испраќачот.
Во пораката пишувало „Одсекогаш имав намера да ја платам казната. Ја ставив настрана, а кога ќе налетав на неа си велев дека кога тогаш ќе ја платам. Мислам дека сега е време“
Казната за неплаќање се зголемила на 5 долари после 72 часа, но после тоа кзните не се зголемуваат, објаснил началникот на полицијата Давид Оутинен. Вели дека не се сеќава дека некој платил казна после толку време.
Жената се надева дека со плаќањето на казната ќе му стави крај на целиот случај.
- Ве молам да не се обидувате да ме најдете. Јас сум угледна госпоѓа - пишувало на крајот од пораката упатена до полицијата.
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот