Истражување: Младите Европејци намерно се опиваат за да го подобрат сексуалниот живот
Страна 1 of 1
Истражување: Младите Европејци намерно се опиваат за да го подобрат сексуалниот живот
Младите Европејци намерно се опиваат и дрогираат како би можеле да го подобрат својот сексуален живот, покажало истражувањето спроведено на примерок од 1341 момчиња и девојчиња од девет земји на Стариот континент, јавува ВВС.
Третина од машките на возраст од 16 до 35 години и 23% од жените на таа возраст рекле дека пијат за да им се зголемат шансите за секс. Складно со тоа, младите луѓе се изложени на поголем ризик од секс без заштита.
Научниците напоменуваат дека поради тоа што врската помеѓу опивањето и дрогирањето на младите и ризичното сексуално однесување е позната, ова истражување покажува дека голем број млади се опиваат или дрогираат со јасна цел за подобрување на сексуалниот живот.
Во истражувањето кое е објавено во стручното списание ВМС Public Health соработувале млади од по еден град во Велика Британија, Германија, Аустрија, Чешка, Грција, Италија, Португалија, Шпанија и Словенија. На сите нив заеднички им се редовните посети на кафулињата и ноќните клубови.
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот