Климатските промени “вродија“ хибридна мечка
Страна 1 of 1
Климатските промени “вродија“ хибридна мечка
Биолозите стравуваат дека топењето на артичкиот мраз ќе го зголеми невообичаеното вкрстување на различни видови животни. Глобалното затоплување веќе направи нов вид, хибрид на поларните и гризли мечките.
„Климатските промени ги натераа гризлите да отпатуваат во поладните краеви, на север, додека поларните мечки се присилени да останат на обалата каде два различни видови на мечки се среќаваат и вкрстуваат.“, изјавил биологот Џорџ Дивоку, а пренесува Тhe Sun.
За таквите хибриди прв пат почнало да се сомнева во април 2006 година кога на север во Канада е пронајдена убиена бела мечка со „смеѓа маска“ околу очите и ноздрвите. По извршената ДНК анализа потрвдено е дека се работи за хибриден примерок на мечка вкрстена помеѓу женка поларна мечка и мажјак гризли, нареченa мечка „гролар“.
Биологот Дивоку е вистински сведок на последиците од глобалното затоплување, па смета дека после ова лето мразот целосно ќе се повлече од Јужниот пол.
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот