Јапонски чиновник 780 000 пати кликнал на порно страници
Страна 1 of 1
Јапонски чиновник 780 000 пати кликнал на порно страници
Еден јапонски градски чиновник во девет месеци 780 000 пати кликнал на интернетска порно страница од компјутерот на своето работно место, објавиле властите.
Јапонецот ја посетувал порно страницата од јуни 2007 до февруари 2008, изјавил градоначалникот Томико Ваки.
И покрај честото посетување на страната, никој од неговите колеги не ги забележал неговите активности кои се случувале во текот на работното време.
„Веројатно поради тоа што работните места се одделени едно од друго“, изјавил Ваки, додавајќи дека само во јули на порно страната кликнал 170 000 пати.
Одговорните за тоа дознале кога компјутерот му се заразил со вируси, поради што морале да влезат во „историјата“ на посетени страници.
Со јавно понижување, платата му е намалена за 190 долари, изјавил Ваки.
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот