На свет доаѓаат првите потомци на клонирани кучиња
Страна 1 of 1
На свет доаѓаат првите потомци на клонирани кучиња
Првото клонирано куче на светот, авганистанскиот загар Снупи, успешно оплодил две клонирани женки, и така на свет ќе дојдат првите потомци на клонираните кучиња, објавија денеска јужнокорејските истражувачи.
Снупи по вештачки пат оплодил две женки, објавиле научниците од универзитетот во Сеул. На ултразвук се гледа дека фетусите се добро, а нивното окучување се предвидува помеѓу 16 и 20 мај.
Ако окучувањето помине како што треба и без проблеми, тоа ќе бидат првите потомци на клонирани кучиња, изјавил професорот Ли Бун-Чан за Кореа Тајмс. „Во втората генерација на клонирани животни досега се појавуваа деформации, но засега сеуште немаме забележано никакви аномалии кај овие фетуси.“
Кок Јанг, шеф на универзитетскиот истражувачки отсек изјавил дека професорот Ли ќе биде казнет затоа што се работи за прекршување на забраната за објавување на експериментални резултати на медиумите пред заклучување на резултатите и воведување на истите во стручни документи.
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот