Нема раце и нозе а може да свири на клавијатура
Страна 1 of 1
Нема раце и нозе а може да свири на клавијатура
Кристиан Тапферер пред 26 години се родил без раце и нозе. Неговата волја за живот ги воодушевила сите што ги познавал. За неговиот случај е виновна генетиката, па така тој сам не може да оди, да се храни, да се облекува и поради тоа зависи од туѓа помош.Денес тој живее со особа која ја нарекува како негова мајка. Тоа е 74 годишната Жизел (не е манекенката), која го примила кога неговите родители го напуштиле кога имал само десет месеци.
Иако нема раце и нозе, вели дека неговите раце и нозе се неговата мајка. Таа за него работи се, го пере, го храни, го облекува.
Иако нормалниот живот му е оневозможен, тој сепак завршил училиште како и сите други, а моментално студира информатика и медии.
Се прашувате како успева?
Работите околу себе Кристиан ги контролира преку својот глас. Па така со наредби отвара врати, пали светло, подигнува ролетни.
И што е уште поневеројатно, тој свири на клавијатура со помош на компјутер. Тежок е само 19 килограми. Со користење на стапче кое го држи во устата тој умешно ја користи тастатурата на компјутерот.
Има голема желба еден ден да одржи јавен концерт свирејќи на клавијатура.
"Не се предавам и работам исто како и другите околу мене", рекол Кристиан.
Тој ужива во дружењето со своите пријатели за кои вели дека ги има многу. Никогаш себеси не се доживувал како нешто поразлично од другите, па така како вистински обожавател на фудбалот, со помош на специјално изработена количка Кристиан посетува фудбалски натпревари.
Последната промена е направена од najforumce на Пет Апр 25 2008, 17:37. Мислењето е променето 1 пати
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот