Мишелин од гуми премина на храна
Страна 1 of 1
Мишелин од гуми премина на храна
Францускиот произведувач на гуми Мишелин, кој е исто така и издавач на славниот водич за хотели и ресторани, стартува во петок во Франција со двомесечникот „Ѕвезда“ кој претставува „ново списание за гастрономија“, а од Мај ќе се продава во Белгија, Швајцарија и Канада.
Еден од директорите на списанието на новинарите им рекол дека на списанието од 120 страни, богато со фотографии, ќе работат „независни новинари“.
Списанието чија цена ќе биде 4.90 евра „овозможува контакт со читателите почест од еднаш годишно“, кога секоја година излегува новиот водич Мишелин, и ќе има иста вредност како и водичот, рекол одговорниот на Мишелин, Кристијан Делхој.
Во секој број читателите ќе бидат информирани за новостите, гастрономијата, патувањата и виното. Во рубриката „патот на инспекторите“ ќе се открива по еден регион и адреса на хотел, ресторан, лозје и занаетчија.
Првиот број на „Ѕвезда“ е објавен во 70 000 примероци.
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот