Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Мистеријата за чудовиштето од Лох Нес

+2
SteelTemplar
~The Vampire~
6 posters

Go down

Мистеријата за чудовиштето од Лох Нес Empty Мистеријата за чудовиштето од Лох Нес

Пишување by ~The Vampire~ Пет Апр 18 2008, 22:14

Неси снимена со видеокамера на површината на Лох Нес

Шкотските медиуми се скептични околу приказните за Неси, но снимката на Холмс е со толку добар квалитет што и вообичаено воздржаниот телевизиски канал „Би-би-си Скотланд” ја емитувал неделава во ударните вести
Мистеријата за чудовиштето од Лох Нес 09F98D38C42C444781633ACDC8B4D820
Ако најновата видеоснимка е веродостојна, славното шкотско мистериозно суштество, чудовиштето од Лох Нес, повторно се појави на површината. Британскиот аматерски научник Гордон Холмс направил една од најдобрите снимки на митското чудовиште од Лох Нес, за кое се верува дека плива во длабочините на најмистериозното езеро во Шкотска, јавуваат британските медиуми.

- Не можев да им поверувам на очите кога го видов тоа мазно црно суштество долго околу 15 метри кое се движеше релативно брзо - вели Холмс, 55-годишен лаборант од Шипли, Јоркшир.

Тој ја направил видеоснимката во минатиот викенд. Холмс вели дека суштеството се движело со 10 километри на час и одело по релативно права линија.

- Прво помислив дека се работи за некоја гигантска јагула, зашто тие личат на змии и со нив може да се објаснат пријавените случаи кога Неси била видена - вели тој.

Лох Нес, најголемиот и најдлабок копнен воден базен во Британија, е обвиткан со митови и мистерии. Со длабочина од 230 метри, тоа е подлабоко и од Северното Море. Трагачот по Неси и морски биолог Адријан Шајн од центарот „Лох Нес 2000” во Драмнадрохит, на бреговите на езерото, ја видел видеоснимката и се надева дека темелно ќе ја анализира во следните неколку месеци.

- Себеси се сметам за скептичен интерпретатор на она што се случува во езерото, но умот ми е отворен за овие нешта и нема сомнение дека ова е најдобрата снимка што сум ја видел - вели Шајн.

Легендите за шкотските чудовишта водат корени наназад до еден од основачите на христијанската црква во Шкотска, Сент Колумба, кој пишувал за нив во 565 година. Во поновата историја, откако во 30-тите години Неси првпат била фотографирана од еден хирург што бил на одмор, постојат повеќе од 400 заведени случаи кога Неси наводно била видена. Оттогаш верниците шпекулираат дали е тоа сосема непознат вид, есетра, иако неа со години ја нема во шкотските води, или пак последниот жив диносаурус. Шајн се сомнева во последното објаснување.

- Има голем број можни објаснувања за појавите на езерото. Тоа би можело да се некое биолошко суштество или пак психолошки феномен, зашто во принцип ние гледаме тоа што сакаме да го видиме - вели тој.

Мистеријата за чудовиштето од Лох Нес  најновата видеоснимка е веродостојна, славното шкотско мистериозно суштество, чудовиштето од Лох Нес, повторно се појави на површината. Британскиот аматерски научник Гордон Холмс направил една од најдобрите снимки на митското чудовиште од Лох Нес, за кое се верува дека плива во длабочините на најмистериозното езеро во Шкотска, јавуваат британските медиуми

Но Неси не е само икона на паранормалното, таа е и амблем на шкотскиот туризам и муза за плишаните играчки овековечена на маичките и на постерите, кои ја прикажуваат нејзината класична трогрба фотографија. Шкотските медиуми се скептични околу приказните за Неси, но снимката на Холмс е со толку добар квалитет што и вообичаено воздржаниот телевизиски канал „Би-би-си Скотланд” ја емитувал во ударните вести неделава. Вестите за новата снимка се појавија во време кога локалните туристички и бизнис-лидери почнуваат кампања за да му обезбедат на Лох Нес место на листата на светско наследство. Ако го убедат УНЕСКО да му даде на езерото специјален статус, тоа ќе го добие рангот на другите споменици од светското културно наследство како египетските пирамиди и Кинескиот ѕид.

- Мислам дека Лох Нес и Грејт Глен се феномен што заслужува статус на светско наследство. Има еден куп работа што треба да се заврши со заеднички сили, но навистина сме возбудени поради тоа - вели директорот на „Дестинејшн Лох Нес”, Роби Бремнер.


Областа ја посетуваат околу 400.000 луѓе годишно, носејќи и' приход од околу 60 милиони долари, но активистите веруваат дека статусот на светско наследство ќе го зголеми приходот четирипати и ќе обезбеди нејзина заштита.

Верувате ли дека постои чудовиштево? alien


Последната промена е направена од ~The Vampire~ на Вто Апр 28 2009, 23:05. Мислењето е променето 1 пати
~The Vampire~
~The Vampire~
Администратор
Администратор

Female
Libra

Расположение : Мистеријата за чудовиштето од Лох Нес Daring
Треснал Глупости : 1353
Поени : 75
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 35
Се наоѓам : Некаде помеѓу земја и небо
Ден на регистрирање : 2008-02-14

Вратете се на почетокот Go down

Мистеријата за чудовиштето од Лох Нес Empty Re: Мистеријата за чудовиштето од Лох Нес

Пишување by SteelTemplar Пет Апр 18 2008, 22:20

Неси било, е и одсекогаш че е најголемата измама. То чудовиште е измислено само за да се привлечет туристи. 2008ма сме и технологијава е развиена премногу. Зошто е уште мистерија Неси? Заради пари.
Во Охридско Езеро постојт огромна Анаконда. Ајде луѓе раширете го муабетов, да сме попознати и да напрајме некој денар на туристи...

SteelTemplar
Jehovah

Male
Scorpio

Расположение : Мистеријата за чудовиштето од Лох Нес Psychedelic
Треснал Глупости : 425
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 38
Се наоѓам : Struga
Ден на регистрирање : 2007-06-28

Вратете се на почетокот Go down

Мистеријата за чудовиштето од Лох Нес Empty Re: Мистеријата за чудовиштето од Лох Нес

Пишување by Kosta Саб Апр 19 2008, 22:48

Ќе се согласам со Дики., сепак сме 2008 година и сигурно да имаше такво чудовиште, досега до в црн дроп ќе знаеа со имаSmile. Сепак парите се тоа што се уште се верува во таа легенда.
Kosta
Kosta
Најфорумче манијак
Најфорумче манијак

Male
Scorpio

Расположение : Мистеријата за чудовиштето од Лох Нес Relaxed
Треснал Глупости : 2202
Поени : 159
Репутација : 3
Поминат рок на траење : 38
Се наоѓам : Струга
Ден на регистрирање : 2007-05-16

http://www.najforumce.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Мистеријата за чудовиштето од Лох Нес Empty Re: Мистеријата за чудовиштето од Лох Нес

Пишување by MaX Сре Мај 14 2008, 02:14

SteelTemplar напиша:Неси било, е и одсекогаш че е најголемата измама. То чудовиште е измислено само за да се привлечет туристи. 2008ма сме и технологијава е развиена премногу. Зошто е уште мистерија Неси? Заради пари.
Во Охридско Езеро постојт огромна Анаконда. Ајде луѓе раширете го муабетов, да сме попознати и да напрајме некој денар на туристи...

:bravo1:
MaX
MaX
Вирус
Вирус

Male
Cancer

Расположение : Мистеријата за чудовиштето од Лох Нес Amused
Треснал Глупости : 2547
Поени : 70
Репутација : 3
Поминат рок на траење : 40
Се наоѓам : Struga
Ден на регистрирање : 2007-06-12

http://www.najforumce.com

Вратете се на почетокот Go down

Мистеријата за чудовиштето од Лох Нес Empty Re: Мистеријата за чудовиштето од Лох Нес

Пишување by elma Пон Апр 27 2009, 10:58

bas vcera gleav na national geographic za ova.......mnogu luge nekoi pojavi na vrvot na vodata mislele deka e cudovisteto... Very Happy ....
no spored istrazuvanjata toa znaete sto bilo?!?....
.....geogravski gledano ezeroto lici kako vozdusen tunel i tece po prava pateka...toa sto turistite i lugeto od gradot gi stavalo vo dilema ispadna deka toa vsusnost bilo podvoden bran koj predizvikuval nekoi cunovi ili parcinja od drvja da izleguvaat na vrvot na vodata a na lugeto tie pojavi im se prisorile deka toa e pojavata na "NESI"......I odma :"WOW EVE GO NESI"Very Happy....

elma
Почетник
Почетник

Female
Aries

Расположение : Мистеријата за чудовиштето од Лох Нес In_Love
Треснал Глупости : 6
Поени : 7
Репутација : 1
Поминат рок на траење : 31
Се наоѓам : stip
Ден на регистрирање : 2009-04-17

Вратете се на почетокот Go down

Мистеријата за чудовиштето од Лох Нес Empty Re: Мистеријата за чудовиштето од Лох Нес

Пишување by Banicanec Сре Јун 24 2009, 19:27

Од секогаш сум се двоумел во ова но сепак не ми стои вистина а ако толку се двоумат британците таму нека пуштат една подморница па ке видиме шо има sunny
Banicanec
Banicanec
Почетник
Почетник

Male
Libra

Расположение : Мистеријата за чудовиштето од Лох Нес Relaxed
Треснал Глупости : 5
Поени : 5
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 30
Се наоѓам : In your dreams
Ден на регистрирање : 2009-06-24

Вратете се на почетокот Go down

Мистеријата за чудовиштето од Лох Нес Empty Re: Мистеријата за чудовиштето од Лох Нес

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот