Шталата ја преуредил во клуб за постари свингери
2 posters
Страна 1 of 1
Шталата ја преуредил во клуб за постари свингери
Британецот Роџер Стенбри (54), бивш фармер кој порано се занимавал со млекарство, една од своите штали ја преуредил во клуб за свингери, парови кои меѓусебно ги менуваат партнерите при сексуалните односи. Ветува дека во клубот наречен Ванила гостите ќе уживаат во сексуални забави, а ќе добијат и кондоми. Клубот ќе се отвори при крајот на месецов, а жителите на малото место Бишоп Талтон не се баш воодушевени со идејата на Роџер. Се плашат дека неговиот клуб ќе го промовира градот на неисправен начин.
Не е прикладно. Живеам во близина и не сакам луѓе да ми тропаат на вратата и да ме прашуваат дали се на прав пат - рекла Шела Муркрофт (62).
Жителите ги мачи и стравот дека идното утро ќе се сретнат во блискиот дуќан со некого со кој претходната вечер „свингале“.
Преуредената Роџерова штала има неколку интими сепареа поврзани со големата главна просторија. Во неа има големи кревети за парови кои се спремни да платат влезница од 45 фунти. На веб страната од клубот стои предупредување дека е забранет пристап за мажи - самци, и дека е забрането внесување на разни хемиски супстанци и мастики за жвакање.
Роџер, кој не е фармер веќе 7 години, смета дека нема ништо лошо во неговата идеја. Младите веќе имаат свои клубови, а ова ќе биде место каде ќе можат да се забавуваат и повозрасните, смете Роџер
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот