Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Грција ја реализираше својата закана

3 posters

Go down

Грција ја реализираше својата закана Empty Грција ја реализираше својата закана

Пишување by najforumce Чет Апр 03 2008, 01:39

Грција ја реализираше својата закана дека ќе употреби вето за приемот на Македонија во НАТО.

Грција ја реализираше својата закана Sps_na10

Шефицата на грчката дипломатија Бакојани, соопшти дека Грција не може во моментов да се согласи со приемот на Македонија во Алијансата.

Шефер понудил можност Македонија да добие, на некој начин, условена покана со одреден рок во кој што треба да се реши спорот, меѓутоа Караманлис и оваа понуда не ја прифатил, одговарајќи дека ниту еден грчки Парламент, формиран од било која партија во Грција, нема да може да прифати прием на Македонија.

Останува мала можност утре, на форумот кој е посветен на проширувањето, уште еднаш да се разговара за можноста Македонија да добие покана за НАТО.

За Албанија и Хрватска е веќе сигурно дека добиваат покана за НАТО и ги започнуваат пристапните разговори.

Неформалната одлука беше донесена на работната вечер, а беше соопштена од портпаролот на НАТО, Џејмс Апатурај.

"Грчката Влада е многу јасна, вклучувајќи ги и вечерашните разговори. Се додека прашањето со името не се реши, не може да постои консензус за прием на поранешната југословенска Република Македонија. Исто така беа многу јасни дека сакаат да ја видат поранешната југословенска Република Македонија да мине низ вратата на НАТО, затоа претходно прифатија Скопје да се придружи на акциониот план", изјави Џејмс Апатурај.

Грција на вечерата, која предмалку завршила во Букурешт успеала да ја одложи поканата за влез на Македонија во НАТО, јави специјалниот известувач на Нетпрес од Букурешт.

Сите 25 земји членки биле за доставување на покана за членство на земјава во Алијансата, но Грција остро се спротивставила на тоа, со изговор дека неможе да прифати ништо се додека не се реши проблемот со името.

Дефинитивната одлука за упатување на покана за влез на Македонија во НАТО се очекува да биде донесена утре на официјална средба на лидерите на земјите членки на Северноатлантската алијанса.
najforumce
najforumce
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение : Грција ја реализираше својата закана Sneaky
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12

Вратете се на почетокот Go down

Грција ја реализираше својата закана Empty Re: Грција ја реализираше својата закана

Пишување by Александар Чет Апр 03 2008, 16:51

Сега гледав вести и што ќе видам...
Значи грциве се чудо од деца, оваа бакујани ако знаеше што зборува че си го исечам...(да ме простит пошироката јавност за мојот грчки), а најинтересно ми е што новинарите ја прашуваат едно а таа дроби зелени или се кафта како не искафтана.
И како до сега така од сега, освен ако не почнат да прават се што треба за Македонија.
Александар
Александар
Македонија

Расположение : Грција ја реализираше својата закана In_Love
Треснал Глупости : 664
Поени : 12
Репутација : 0
Ден на регистрирање : 2007-06-03

Вратете се на почетокот Go down

Грција ја реализираше својата закана Empty Re: Грција ја реализираше својата закана

Пишување by HalfGrown_IDIOT Чет Апр 03 2008, 19:08

Тоа што се случи на самитот воопшто не ме изненадува!
Не е прв пат да го користи ветото како свое најако оружје.Имено при самиот прием во ОН,Македонија беше примена под привремената референца БЈРМ,заради ветото на Грција да не бидеме примени под уставното име.Еве сега пак!Ништо ново!А "спорот" како што се нарекува од нивна страна,се пролонгира за решавање а нас ни останува само да чекаме да им се бендиса некое име па да го прифатиме!Тоа е така во ваков свет на инетереси,каде што посилниот е секогаш тој што одлучува.
Само ме интересира до кога Грција ке го крши Меѓународното право?!
Тоа е прашањето што не можам да си го одговорам.Дали воопшто постои или е само проформа,а позади неа стојат политичките правила на игра кои ние македонците не имаме таква среќа да ги употребиме?!
По се изгледа е така!
HalfGrown_IDIOT
HalfGrown_IDIOT
Најjакиот
Најjакиот

Male
Libra

Расположение : Грција ја реализираше својата закана Cool
Треснал Глупости : 347
Поени : 3
Репутација : 3
Поминат рок на траење : 37
Се наоѓам : Struga
Ден на регистрирање : 2007-06-03

Вратете се на почетокот Go down

Грција ја реализираше својата закана Empty Re: Грција ја реализираше својата закана

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот