Најуспешни првоаприлски шеги
:: Забава и култура :: Хумор
Страна 1 of 1
Најуспешни првоаприлски шеги
Британското издание на магазинот „Метро“ денес објави избор на најдобри првоаприлски шеги во кои поверувале илјадници луѓе.
Британскиот „Гардијан“ во дамнешната 1977 година на дури седум страни објави репортажа за Сан Серифе, измислена островска држава во Индискиот Океан.
Репортажата имала комплетен опис на двата главни острова, наречени Upper Caisse и Lower Caisse, за измислената престолнина Бодона, па дури и за водачот - генералот наречен Пика.
Тој ден, но и многу денови подоцна, редакцијата на „Гардијан“ била затрупана со телефонски повици од читателите кои поверувале во репортажата и сакале да дознаат повеќе за оваа непостоечка островска држава.
Новинар од Би-Би-Си, Ричард Димблеби, пак, во 1957 година во својата емисија објавил дека Швајцарците ги берат шпагетите на дрво.
Неверојатно, но потоа се јавиле стотина луѓе кои се интересирале каде можат да набават такво дрво.
Во 1973 година радио Би-Би-Си на гости го поканил познатиот лекар и академик доктор Клотиер, кој на нацијата и објавил дека на црвенокосите луѓе им се заканува заразна болест наречена Дач елм дисис, односно болест на холандскиот брест.
Не треба посебно да се кажува колкава паника предизвикала таа информација меѓу црвенокосото население.
Во 1997 година на многу корисници им бил испратен и-мејл за тоа дека на тој ден интернетот нема да работи, бидејќи роботите ќе ја прегледуваат неговата содржина и ќе го чистат од страните што веќе не се во функција.
Веста дека американската држава Алабама донела одлука да ја смени вредноста на математичката константа Пи (3,1415926...) во библиската бројка три всушност била шега на едно научно списание, но трагично е тоа што во таа шега поверувале десетици илјади луѓе.
Британскиот астроном Патрик Мур во 1976 на радио Би-Би-Си објавил дека ретката положба на планетите привремено ќе ја намали гравитацијата на Земјата, поради што сите луѓе ќе имаат можност да лебдат.
Телевизорите во боја во дамнешната 1962 година биле вистинска реткост. Шведската телевизија тоа го искористила и на своите гледачи им пласирала информација дека своите апарати можат да ги „претворат“ во ТВ боја, ако преку апаратот навлечат пар хулахопки!
Шегаџијата Порки Бика во 1974 година запалил неколку стотици гуми на врвот на вулканот Монт Едгекумбе, на Аљаска.
Иако овој вулкан последен пат еруптирал пред повеќе од 2.000 години пред Христос, густиот црн чад што се издигнал високо на небото ги преплашил жителите.
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
:: Забава и култура :: Хумор
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот