Уште еден ден до самитот на НАТО. Часовникот одбројува...
Страна 1 of 1

Во Букурешт утре почнува најголемиот собир во историјата на НАТО
Букурешт, главниот град на Романија, од утре до петок ќе биде домаќин на најголемиот Самит во историјата на Северноатлантската алијанса. Првите луѓе на 26. НАТО сојузници, на земјите аспиранти за членство, државите партнери, на меѓународни организации, во наредните три дена ќе дебатираат за трансформацијата и предизвиците на Алијансата како глобална безбедносна коалиција за ефикасно справување со кризни ситуации, нејзиниот ангажман во стабилизацијата на Авганистан и Косово, за проширувањето со нови членки и за зацврстувањето на партнерските односи.
На Самитот ќе учествуваат американскиот претседател Џорџ Буш, рускиот Владимир Путин, францускиот Никола Саркози, германската канцеларка Ангела Меркел, британскиот премиер Гордон Браун, а најавен е и генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун. Ќе ги придружуваат уште 3.000 официјални претставници. За работата на Самитот ќе известуваат 3.500 акредитирани новинари.
Работниот дел на Самитот ќе почне на 2 април со вечерата на шефовите на држави и влади на НАТО сојузниците на која првично ќе стане збор за проширувањето на Алијансата со трите земји од Јадранската група -Македонија, Албанија и Хрватска. Формалната дебата за нивниот прием ќе биде следниот ден на состанокот на Северноатлантскиот совет на кој лидерите на 26. членки треба да одлучат дали НАТО семејството ќе се прошири со трите држави.
Пред попладневниот дел на кој ќе се расправа за способноста и ефикасноста на оперативното дејствување на сојузниците во кризни ситуации и за операциите на НАТО во Авганистан и во Косово, ќе биде одржан работен ручек на Евроатлантскиот партнерски совет на кој покрај првите луѓе на земјите од Алијансата ќе учествуваат и претседателите и премиерите на 23. држави партнери.
Самитот ќе биде заокружен на 4 април со средбите на Советот НАТО-Русија и на Комисијата НАТО – Украина. Предвидени се и две конференции – за придонесот и улогата на Алијансата на Балканот и за потребите и интересите на НАТО заедницата.
Состанокот во Букурешт, според очекувањата на НАТО стратезите, треба да биде мост меѓу претходниот во Рига на кој формално беше отворен процесот на стратегиско прилагодување на Алијансата во новонастанатите услови во светот - незапирливата глобализација и глобалните опасности, и следниот наредната година на кој ќе се одбележи 60. роденден на Северноатлантскиот сојуз. Дотогаш, како што нагласува генералниот секретар Шефер, НАТО треба целосно да се преобрази во сосема нова воено – политичка формација прилагодена на новото време.
За Авганистан и за Косово, кои се на топ агендата на Самитот, според најавите на Шефер, НАТО јасно ќе каже дека ќе остане таму се додека е потребно за да се обезбедат мирот и стабилноста.
Што се однесува на Западниот Балкан, Алијансата уште еднаш ќе ја потврди евроатлантската перспектива на регионот. На Србија, Босна и Херцеговина и на Црна Гора ќе им биде упатена охрабрувачка порака дека се добредојдени во евро-атлантското семејство и оти НАТО е подготвен да им помогне во исполнувањето на потребните критериуми.
Букурешт како тврдина
Поради Самитот, Букурешт и цела Романија се во мобилна состојба. Воведени се посебни безбедносни мерки. Гостите ќе ги чуваат околу 11.000 полицајци, 8.000 жандарми, 1.600 романски специјалци. Ќе им помагаат уште 4.000 припадници на безбедносните служби кои се подготвени и за справување со најавените протести на антиглобалистите.
Се мери радијацијата на водата и на воздухот, поставени се снајперски позиции. На сите можни траси во Букурешт по кои ќе се движат учесниците на Самитот се отстранети корпите за отпадоци и заварени капаците на шахтите. Воведен е посебен сообраќаен режим, а на граѓаните им се препорачува без поголема потреба да не ги користат своите возила и по можност да го напуштат градот или да останат во своите домови и навреме да се снабдат со сите потребни производи. Меѓународните аеродроми Банесаса и Отопени од 2 до 4 април ќе бидат затворени. Рестрикции се воведени и на патните сообраќајници од аеродромите до центарот на градот.
Над Романија и над целиот регион за време на Самитот ќе патролираат авиони-радари АВАКС, како и десетици американски борбени авиони.
Парламентот во Букурешт, во кој ќе се одржува Самитот и кој по Пентагон е втора најголема зграда во светот со 1.500 простории, е целосно преуреден. Покрај опремувањето на салите за состаноци, изградени се нови тоалети, поставени места за пушење. Домаќините на барање на НАТО инсталираа системи за одржување на температурата на 21 степен Целзиусов со соодветна влажност на воздухот. Околу Парламентот се поставени монтажни објекти, нови клупи, ново осветлување и пешачки патеки.
Самитот ќе ја чини Романија околу 26 милиони евра. Романските власти очекуваат тоа да се компензира со зголемениот меѓународен углед на земјата и со профитот што ќе го остварат услужните бизниси, пред се хотелите, угостителите и трговците, чии цени, според медиумите во Романија, деновиве се значително зголемени.

Извор: Тотал
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот