Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Посредникот Нимиц понуди компромис за името

Go down

Посредникот Нимиц понуди компромис за името Empty Посредникот Нимиц понуди компромис за името

Пишување by najforumce Чет Мар 27 2008, 23:26

Последен предлог Republic of Macedonia (Skopje)

Посредникот Нимиц понуди компромис за името 323c6510

Македонија не смее да ја пропушти оваа шанса, бидејќи е фер предлог, кој не го загрозува македонскиот идентитет, а го отвора патот на земјата во НАТО, велат дипломати во ОН

Republic of Macedonia (Skopje) е последниот предлог што посредникот на ОН, Метју Нимиц, завчера во Њујорк им го доставил на преговарачите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Адамантиос Василакис. Амбасадорот Нимиц предлогот го смета за „фер и чесен компромис“ за решавање на спорот за името. Новиот предлог за име за меѓународна употреба е англиска транскрипција на уставното име на земјава, а во заграда е името на главниот град како географска одредница. Според предлогот на Нимиц, уставното име Република Македонија напишано на кирилица останува за домашна употреба. Според тоа, не треба да се менуваат ниту Уставот ниту пасошите, ниту се доведува во прашање националниот идентитет.

Како што дознаваме, поимот „македонски“ и „Македонија“ и двете земји ќе може да ги користат без ограничување и без право на ексклузивитет. Тоа значи дека не се доведени во прашање атрибутите македонски јазик, македонски народ, македонска црква... и се' друго што би било синоним за националниот идентитет. Според предлогот, земјите што досега ја признаа земјава под уставното име ќе бидат охрабрени да го користат името предложено за меѓународна употреба, но тоа нема имплицитно да се бара од нив. Тоа значи дека тие ќе имаат право сами да решат дали ќе ни се обраќаат со „Република Македонија“ или со Republic of Macedonia (Skopje).

Посредникот Нимиц по средбата изјави дека новиот предлог има елементи од претходните предлози и не е даден одненадеж, туку врз основа на забелешките на двете страни за тоа што може и што не може да биде прифатено. Како што реков пред неколку месеци, функционалното решение мора да претставува компромис, така што не е сто насто тоа што би го сакале Атина и Скопје. Но, мислам дека тоа што им го предложив е чесно и достојно. Мислам дека има географска димензија и навистина се надевам дека двете влади ќе го разгледаат сериозно, ќе си дадат време и ќе го разгледаат позитивно. Да се надеваме дека ќе биде основа за решение на оваа долготрајна дебата. Но, тоа веќе не зависи од мене, туку од двете страни - изјави Нимиц. Тој нагласи дека сега на потег се вадите во двете земји. Ова е процес под мандат на ОН и со две земји што се важни. Обете се стари цивилизации, постоеле и ќе постојат долго, така што времето зависи од нив - рече Нимиц.

На прашањето дали двајцата преговарачи побарале специфични гаранции за спроведување на новата формула за името, посредникот изјави дека не го сака зборот гаранции, но додаде дека на оваа средба не било посветено многу време на тоа.Претставници на меѓународната заедница тврдат дека последниот предлог на Нимиц е шанса што Македонија не смее да ја пропушти и најважно е многу брзо да го даде својот одговор. Ова е навистина фер предло,г кој не го загрозува македонскиот идентитет, а може да стави крај на долгогодишниот спор со Грција и да го отвори патот на Македонија во НАТО. Ќе биде многу добро ако Македонија ја сфати важноста на овој политички миг и ако многу брзо и позитивно одговори на последниот предлог -велат дипломати во ОН. Грчките медиуми веќе јавија дека таков предлог за нив е неприфатлив, дека Атина ќе го отфрли и дека е се' поизвесно оти во Букурешт ќе има вето за поканата за Македонија во НАТО.

Груевски „негативно расположен“ за предлогот

Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски вчера попладне разговараа за последниот предлог на Нимиц за решавање на спорот за името. По средбата и двајцата останаа недостапни за медиумите, без да го соопштат ставот дали предлогот е прифатлив за македонската страна. Низ собраниските кулоари, сепак, неофицијално проструија информации дека премиерот Груевски бил „негативно расположен“ кон последниот предлог, но остана тајна со која аргументација настапил. Владиниот портпарол Ивица Боцевски вчера соопшти дека конечниот став за предлогот ќе се утврди откако ќе се дознаат сите детали.Имајќи го предвид значењето на предлогот, а особено значењето на секој детаљ од предлогот, ќе почекаме амбасадорот Никола Димитров да се врати од Њујорк, за темелно да ги брифира политичките фактори во Македонија за разговорите и за сите подробности од предложеното решение. Процесот на процена и анализа ќе продолжи во наредните неколку денови - рече тој.

САД бараат решение пред самитот на НАТО

САД и понатаму ги охрабруваат Грција и Македонија да постигнат договор пред самитот во Букурешт за да може прашањето да се тргне од дневен ред. Но, ако преговорите траат цело време до самитот на НАТО, одлуката би се донесла во Букурешт - изјави портпаролката на Белата куќа, Дана Перино.Таа, на редовниот прес-брифинг рече дека претседателот Џорџ Буш верува оти двете страни можат да дојдат до решение. Перино не коментираше дали е можно САД да побараат од НАТО шестмесечно продолжување на рокот за покана за Македонија, ако не се постигне решение за името. Според Перино, двете страни треба да се остават да ја завршат работата, времето е многу важен фактор, а тие треба да излезат со решение пред самитот на НАТО.


Извор:Дневник
najforumce
najforumce
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение : Посредникот Нимиц понуди компромис за името Sneaky
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот