Славе ќе ја чини "Злетовица" 10.000 евра
:: Македонија и свет :: Историја
Страна 1 of 1
Славе ќе ја чини "Злетовица" 10.000 евра
Скелетот на најстариот жител во Македонија, кој штипските археолози го пронајдоа на археолошкиот локалитет Грнчарица во остатоците од најстарата македонска неолитска населба, ќе ја чини “Злетовица“ повеќе од 10.000 евра.
Толку средства се потребни за промена на сегашната утврдена траса на цевководот на тој дел, поради сензационалното археолошко откритие. Според раководството на јавното претпријатие, наредната недела ќе бидат утврдени детаљите како и на кој начин ќе се реши проблемот.
Предимензионирана е изјавата дека скелетот откриен пред неколку дена на археолошкиот локалитет Грнчарица, кај штипското село Крупиште, е најстариот пронајден кај нас и пошироко, сметаат археолози, експерти за праисторија. Веројатно покојникот починал пред околу 7.000 години пред новата ера, но според придружните археолошки наоди, можно е да е постар. Стручната јавност е единствена дека откритието е важно за Македонија и за нејзиното културно наследство, но сметаат дека прво треба да се направат издржани анализи, пред да се соопштат избрзано пред јавноста.
Археологот Драгиша Здравковски, праисторичар и визитинг-професор на катедрата за археологија при Филозофскиот факултет, вели дека староста на скелетот е веројатна, со оглед на тоа што досега најстарото научно истражено, документирано и објавено погребување во земјава е бебето пронајдено во урна, на археолошкиот локалитет Амзабегово, Светиниколско, кое било погребано во 6 милениум пред новата ера.Ова може да е уште постар скелет, но треба да се направат сеопфатни анализи. Оценката дека покојникот е најстариот на Балканот ми се чини малку избрзана, со оглед на тоа што во Бугарија има многу неолитски населби, близу до Белград е Лепенски Вир, а во Хрватска има дури и палеолит - вели Здравковски.
Археологот Трајче Нацев од штипскиот Завод и музеј, раководител на археолошките ископувања, вели дека според движните предмети пронајдени околу гробот, голема е веројатноста скелетот да е уште постар.Тоа го покажува материјалот што го пронајдовме - кремен, сечиво, секира, која не е софистицирано изработена како тие што сме ги наоѓале досега на неолитските локалитети - вели Нацев.Тој очекува повеќе информации по анализите на скелетот што треба да бидат направени во антрополошкиот кабинет на Музејот на Македонија.Археолозите го откриле гробот во рамките на заштитните ископувања на теренот на кој треба да поминува цевководот на хидросистемот „Злетовица“. Археолозите го крстиле покојникот Славе Македонски според кутијата во која биле спакувани коските. На неа пишувало Славе.
Извор:Нетпрес & Дневник
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
:: Македонија и свет :: Историја
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот