Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Се менува ирската песна оти се спомнува Македонија

2 posters

Go down

Се менува ирската песна оти се спомнува Македонија Empty Се менува ирската песна оти се спомнува Македонија

Пишување by najforumce Нед Мар 23 2008, 16:10

Се менува ирската песна оти се спомнува Македонија 180px-10

Комичниот претставник на Ирска, Дастин Мисирот, во неговата пародична песна ги спомнува имињата на сите европски земји, меѓу кои и нашата, напоменувајќи дека треба да му дадат 12 поени.

Сепак, со одлука на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и е наложено на Ирска да го смени текстот на песната „12 поени“, зашто во него нашата земја се споменува под уставното име Македонија.

Според нив, ирскиот преставник не може да ја нарекува Македонија бидејќи во ЕБУ нашата држава е заведена како Поранешна југословенска република Македонија, пишува Дневник.

Од ЕБУ не сакаат да потврдат дали Поранешната отоманска провинција Грција уште еднаш се издебили пред европската јавност.

Сепак, на состанокот на шефовите на делегациите и на евровизиската група за препораки беше утврдено дека нашиот евровизиски претставник нема да го користи името Македонија во своите настапи.

„Ние мислевме дека во една ваква шеговита и смешна тема, која содржи намерни нелогичности, тоа нема да претставува никаков проблем. Но, поради чувствителноста на тематиката за името се согласивме да го оставиме Македонија во снимената верзија, но да го смениме во текот на настапот во полуфиналето или во финалето. Се разбира, ако се квалификуваме“, изјави за Дневник Џулиен Виолес, член на организацискиот одбор на ирскиот евровизиски тим.

Во шеговитиот текст на песната Дастин Мисирот им се обраќа и на поранешните победници спомнувајќи ги главните градови на нивните земји, но не верува дека тие ќе му дадат 12 поени.

„Дастин немаше намера да навреди некого со својата песна, а најмалку луѓето од Македонија или од Грција. Географијата никогаш не била негова силна страна, а тоа јасно се гледа по стихот од песната во кој се вели дека Дунав тече низ Франција. Исто така, мора да се спомене фактот дека тој не знае правилно да го спелува името на сопствената земја Ирска“, вели во изјава за Дневник Мајкл Кели, шефот на ирската евровизиска делегација.

Според евровизиските фанови, темата „12 поени“ е многу забавна и со убава мелодиска линија, но појавувањето на пејачот на сцената претворен во мисир ги вознемирило поголемиот број Ирци што го следеле националниот избор. На евровизиските обложувачници ирската нумера е еден од главните фаворити за победа на Евросонг што ќе се одржи од 22 до 24 мај, во Белград.

Проблематичната строфа:

Eastern Europe we love you
Do you like Irish stew?
Or goulash as it is to you?
Shake your feathers
Listen Bulgaria we love you
Belarus, Georgia, Montenegro,
Moldavia, Albania, Croatia,
Poland, Russia, Ukraine,
Macedonia, Love you Turkey
Hungary, Estonia, Slovakia,
Armenia, Bosnia Herzegovina
And don’t forget the Swiss!


najforumce
najforumce
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение : Се менува ирската песна оти се спомнува Македонија Sneaky
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12

Вратете се на почетокот Go down

Се менува ирската песна оти се спомнува Македонија Empty Re: Се менува ирската песна оти се спомнува Македонија

Пишување by MaX Нед Мар 23 2008, 22:00

Леле и во музика вакви глупости.... Ц Ц Ц
MaX
MaX
Вирус
Вирус

Male
Cancer

Расположение : Се менува ирската песна оти се спомнува Македонија Amused
Треснал Глупости : 2547
Поени : 70
Репутација : 3
Поминат рок на траење : 40
Се наоѓам : Struga
Ден на регистрирање : 2007-06-12

http://www.najforumce.com

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот