Станот на Тоше – се е исто само него го нема
2 posters
:: Забава и култура :: Музика
Страна 1 of 1
Станот на Тоше – се е исто само него го нема
Се е недопрено, исто како последната вечер кога Тоше замина. Екипата на хрватскиот портал 24, со согласност на семејството на Тоше први влегоа во неговиот дом во населбата Свети Јован во Злокуќани, ова е првата новинарска екипа која по смртта на Тоше влегува во неговата куќа.
Пет месеци откако почина Тоше Проески, неговата мајка Доминика, таткото Никола и сестрата Дора се уште не можат да соберат сили да зачекорат во домот на Тоше, во кој живееше две години.
Од 16 октомври 2007 година, времето во станот на Тоше застанало. На прозорите се платнените ролетни. Откако Тоше го нема во станот не влегла сончева светлина. Заради желбата на менаџерката на Тоше, Лилјана која има стан во близина на Тоше, светлото во неговата спална соба, по неговата смрт, со месеци не се гаси.
“Кога ќе погледнам од прозор кон станот, светлото во собата барем за момент ќе ме излаже дека тој е таму и се е како некогаш” – вели Лилјана.
Населбата во која има барем 30 елитни куќи е оградена со ѕид и 24 часа е под комплетен надзор. Во близината е езерото и базен каде што често пливаше и Тоше.
“Тука се одмараше, смееше и тагуваше, ги преживуваше младешките љубови. Никогаш не успеа до крај да го уреди станот” – раскажува скршено Лилјана.
Станот на тоше
Извор (ИдиВиди)
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
Re: Станот на Тоше – се е исто само него го нема
снимка од станот на Тоше тука
Jimmy- Пензионер
-
Треснал Глупости : 660
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 38
Се наоѓам : у кабинет
Ден на регистрирање : 2007-05-19
:: Забава и култура :: Музика
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот