Атентатот врз Киро Глигоров
+2
Kosta
Jimmy
6 posters
:: Македонија и свет :: Историја
Страна 1 of 1
Атентатот врз Киро Глигоров
ВМЕШАНОСТА НА БИЗНИС ОЛИГАРХИЈАТА И БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ
Оваа приказна би ја започнал со двајцата македонски и двајцата српски бизнис-олигарси кои еден ден пред атенатот врз Претседателот Киро Глигоров престојувале во хотелот „Бристол“ во Скопје, поконкретно македонскиот „крал на тутунот“, сега покоен, потоа „принцот на бакарот“ кој порано се занимавал и со политика и српскиот „фармацевт“ на привремена работа во Македонија. Четвртиот е сега починат српски трговец со драгоцени метали. Двајцата македонски и двајцата српски олигарси со своите придружници, вечерта на 1 октомври 1995 година, престојувале во хотелот „Бристол“, вечерале во ресторанот, а потоа дел од нив меѓу кои еден од македонските бизнисмени и Србите останале да ноќеваат во хотелот. Во тој период, беше сосема невообичаено за таквата политичка елита да ноќева во толку ефтин хотел, што никогаш претходно се немало случено. Тие таму најмалку се задржале до утрото другиот ден, при што изнајмиле соба во поткровјето на хотелот „Бристол“ од каде што спокојно можеле да ја набљудуваат улицата и да го надгледуваат паркираното бело „ами 8“ спроти хотелот, кое ќе грмне на 3 октомври, утрото, во 9,50 часот. Сомневањата за можната вмешаност на чудната екипа тајкуни (бизнисмени кои се збогатиле на сомнителен начин) или пак за нивните евентуални сознанија за подготовките на атентатот ги мултиплицира и моето сознание дека еден од нашите бизнисмени претходно имал чудни патувања во странство, во Норвешка и контакт со фирма која се занимавала со производство на воен експлозив. (Да потсетам дека експлозивната направа била составена од три видови експлозив меѓу кои и разорниот ПЕТН). Во документацијата на Втората управа на ДБК, постоеле и фотографии кои ги потврдуваат овие настани. Поконкретно, овие фотографии кои најверојатно исчезнале по заминувањето на Слободан Богоевски, од местото секретар за државна безбедност, биле фотографирани од германски турист. На едната од нив се гледа паркираното „ами 8“, и истата била и објавена во медиумите, а на другите кои се чувале во тајност, биле и бизнис-олигарсите, односно споментатите сомнителни лица.
Приказната за средбата на македонските и српските тајкуни во „Бристол“ особено добива на значење ако се разгледа во политичко-економскиот и безбедносен контекст во кој се случи атентатот. Познато е дека обидот за убиство на Претседателот се случува во време кога македонската бизнис олигархија ревносно ги полнеше своите бисаѓи со црни пари, кршејќи ги санкциите на ОН кон СР Југославија преку извозот на нафта, цигари, реекспортот на бакар, злато и други метали, со што отворено го помагаше режимот на Милошевиќ во Белград. Таа олигархија, предвлодена од „кралот на ембаргото“ Штерјо Наков, тутунскиот бос Данчо Шутурков и „златното момче“ Ванчо Чифлиганец, под политичката закрила на Бранко Црвенковски имаше изворен интерес да ја продолжи својата лукративна финансиска операција од регионални размери. Истите интереси ги имаше и олигаргхијата на Милошевиќ, која под изговор на обебедување „јужен превев“ за економски воздух, ги полнеше своите кипарски и швајцарски конта. Кога се разгледува можноста за вмешаност на Чифлиганец во атентатот на Киро Глигоров, мора да се земат во предвид и рудниците, меѓу кои и „Бучим“ на Вачно Чифлиганец, односно видот на експлозивот што тие го користат. Исто така, мора да се напомене дека најмалку истражувана е третата линија на атентатот, односно евентуалната поврзаност на воено-разузнавачките служби на Србија со слични структури во нашата земја и нивната соработка за ваквиот терористички чин. Таа линија е најмалку работена поради тоа што Србија не сакала да соработува. Во тој контекст интересно е да се спомене икражбата на експлозив од армиски магацин во Визбегово и 14 далечински управувачи за детонирање, во времето на министерот Ханџиски. Полицијата немаше спроведено истрага за таа кражба, која ја криеја тогашните државни структури, а познато е дека експлозивната направа во атентатот на Глигоров била активирана со далечински управувач. Таа трага можеби и ќе дадеше одредени податоци за српската врска во атентатот. Како и да е, несомнено е дека атентатот е производ на соработка и на финансиските тајкуни, и на дел од извршната власт, работејќи за своите лични заеднички интереси, бидејќи Претседателот Глигоров, пак, во оваа констелација најверојатно претатавува ненадејна пречка која требало да биде елиминирана. Во текот на 1995 година, меѓународната заедница и странските амбасадори во Скопје вршеле посебен притисок да запре криминалното кршење на санкциите кон Белград. Глигоров добил на увид документација за вмешаноста на нашите олигарси во тој процес, па повел и политичка акција - средби со лидерите на политичките партии, пролетта 1995, за да создаде и политичка клима за запирање на криминалот. Во тој контекст може и да се разбере тврдењето ека атентаторите врз Претседателот Глигоров - барем во една од димензиите - инспекторската - треба да се бараат дома. Работите дополнително се вжештуваат ако се има предвид и судската изјава на висок функционер од тогашната власт пред надлежните органи за истрагата околу атентатот, според која Црвенковски сакал сакал предвреме да го смени Глигоров од функцијата. Според моите сознанија, станува збор за изјава на Стојан Андов, тогашен претседател на Собранието, кој пред судот наводно изјавил дека премиерот Црвенковски неколку месеци пред атентатот му рекол дека СДСМ има намера да побара смена на Глигоров.
Притоа, Црвенковски побарал поддршка од Андов, предлагајќи му тој како најискусен политичар да се нафати да биде кандидат за таа функција. Црвенковски дополнително образложил дека најамбициозен кандидат за нов Претседател бил Љубомир Фрчковски, но тој не ги исполнил условите - немал наполнето 40 години, возраст потребна за да се кандидира за највисоката државничка функција. Врзувањето на „тајната вечера“ во „Бристол“ со политичката гилотина што „младите лавови“ на чело со тогашниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски му ја подготвувале на Глигоров, не е воопшто бенигно. Но, бидејќи атентатот врз претседател на држава по правило е политички чин, Црвенковски, како политички претставник на македонската олигархија, доколку навистина постоела намера во врвот на СДСМ за предвремено симнување на Глигоров од претседателската функција, со тоа ја дал неопходната поткрепа што би можела да послужи како добра инспирација на оние што сакале да го убијат. Висок српски разузнавач, порано резидент на српската тајна служба во Бугарија, кој располагал со топ-информации за инволвираноста на тајните служби во терористички акти, бил и самиот инволвиран во неуспешниот атентат врз Милошевиќ, на поранешен висок македонски разузнавач, кој работел во сите три безбедносни служби му рекол: „Кога ќе се разоткрие вистината за атентатот врз Глигоров, ќе излезат имињата на повеќе наши бизнисмени.“ Дока за вмешаноста на бизнисмените е и тоа што МВР ги следело олигарсите. Во периодот на ембаргото и санкциите кон СР Југославија спровело и акција за следење на комуникациите на неколку македонски фирми, меѓу кои и на „Фершпед“. Притоа, се дошло до сознанија дека црните бизниси се договарале во комуникација со Кабинетот на премиерот Црвенковски. Според моите сознанија Кипар е дестинација каде што се префрлени огромни суми на девизи, на сметките на нашите политички и бизнис олигарси. Како и да е, какви и да се нашите ставови кон Киро Глигоров, тој бил наш Претседател, и атентатот врз него е државен удар. Должни сме во целост да се расветли атентатот, неговите нарачатели, планери и реализатори, и улогата на Црвенковски и бизнис олигархијата

продолжува .....................................
Последната промена е направена од Jimmy на Чет Мар 20 2008, 16:03. Мислењето е променето 1 пати
Jimmy- Пензионер
-
Треснал Глупости : 660
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 38
Се наоѓам : у кабинет
Ден на регистрирање : 2007-05-19
Re: Атентатот врз Киро Глигоров
хммм интересно интересно, само колку имиња се споменуваат. Но мислам дека никогаш нема да излезе на виделина која е вистинската вистина за атентатот врз претседателот.... Незнам од кај ти е информацијава... .. .. ... .... ... незнам што да напишам .... ...
Re: Атентатот врз Киро Глигоров
Многу добро и објективно напишано. Баш чекам што ке се случува во продолжението....
Vase- Најфорумче манијак
-
Расположение :
Треснал Глупости : 493
Поени : 3
Репутација : 3
Поминат рок на траење : 37
Се наоѓам : vo mestopolozba
Ден на регистрирање : 2007-11-17
Re: Атентатот врз Киро Глигоров
Денеска сведочел за атентатот, утре мртов
Скопјанецот Милорад Михајловски (45) е лицето за кое извори во МВР тврдат дека починал под сомнителни околности, откако дал изјава во својство на сведок во врска со атентатот врз претседателот Киро Глигоров. Михајловски во минатата недела бил најден мртов во неговиот дом на улицата Владимир Комаров број 4, во скопската населба Остров, а еден ден пред тоа дал исказ за атентатот.
На 28 октомври околу 19 часот неговата сопруга Надица го нашла починат во нивниот стан. Како што дознаваме, смртта кај Михајловски е чудна, бидејќи тој претходно немал никакви срцеви тегоби ниту проблеми со здравјето. Михајловски работел како инспектор во Управата за државна безбедност и контраразузнавање во станицата "Бит-пазар". Откако се случил атентатот врз Глигоров, тој под чудни околности заминал од МВР. Кратко време потоа поднел тужба против Министерството за внатрешни работи и се уште е во тек неговиот судски спор. На работа во МВР тој се вратил во почетокот на годинава.
Не е познато какви информации дал Михајловски во исказот за истрагата за атентатот врз Киро Глигоров. Од 3 октомври 1995 година, дента кога беше извршен атентатот врз Глигоров се случија неколку мистериозни убиства на лица што на разни начини биле поврзани или знаеле важни информации за терористичкиот акт. Прва жртва беше Наип Лесковица од скопското село Грчец, кој загина "во сообраќајна несреќа" на патот Гостивар-Тетово. Со него во автомобилот бил и Петрит Аме, кој во "несреќата" не добил ниту модринка. Во април 1996 година тогашниот претставник на бугарската компанија "Мултигруп" во Скопје, Иво Јанчев, сомнително се самоубил во Меѓународниот центар за менаџмент на својата фирма во месноста Бистрица, близу Софија.
Листата на мистериите ја дополнува инспекторот на МВР Драган Гаврилов, кој утрото на 5 август 1997 година бил прегазен од патнички воз на мостот на реката Лепенец во населбата Ѓорче Петров. Гаврилов му бил телохранител на Киро Глигоров. На 20 февруари 1998 година, на падините на Водно, во близина на кругот на МВР, била најдена мртва Тања Павловска, стенографка во Управата за оперативна техника. Павловска имала огнострелна рана во челото од истрел со пиштол, кој никогаш не е најден. Истражните органи тогаш го евидентирале случајот како самоубиство.

продолжува ....... ......
Jimmy- Пензионер
-
Треснал Глупости : 660
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 38
Се наоѓам : у кабинет
Ден на регистрирање : 2007-05-19
Re: Атентатот врз Киро Глигоров
АФЕРАТА ШАКЛЕВ
Аферата "Шаклев" изби во 1998 година. Тогаш Зоран Шаклев го актуализираше прашањето за атентатот врз Киро Глигоров, индиректно обвинувајќи го за вмешаност тогашното раководство на МВР. Тогаш се зборуваше дека зад Шаклев стои тогашниот министер за одбрана Благој Ханџиски. Во целата таа афера беше вовлечен и директорот на "Бучим" Ванчо Чифлиганец од СДСМ кому, наводно, му се готвел атентат. Но излезе, се потсетуваат во МВР, дека Шаклев сакал да изрекетира извесна сума од него. Како пандан на сето ова, тогаш се појавија видео и аудио - лентите, како некој дава изјави и посочува - кој се бил замешан во атентатот врз Глигоров, обелоденувајќи дека станува збор за српско, односно за КОС - МВР - албанска врска, како негови мозоци и извршители. Во аферата Шаклев, разузнавачките служби биле фокусирани околу личноста и информацијата која ја соопштил младиот екскапетан Зоран Шаклев. Инаку, факт е дека во старт, односно во првиот круг, аферата се засновала како и во многу други политичко - разузнавачки (местења) на режирани случаи. Практично, се е испреплетено врз основа на личните и чаршиските разузнавачко-политички релатши. Односно, во аферата треба да се бара тогашниот министер Благоја Ханџиски.
Во тоа време екскапетанот Зоран Шаклев бил ситен трговец кој сакал да биде во центар на вниманието не само во штипската јавност, туку и поишроко. Човек кој сакал да парадира низ градот. Тоа може да се заклучи и по таа цела непотребна афера, од каде што се забележува дека човекот бил нестабилен. (Подобро што не е во службата. Таквите во КОС не го дочекуваат поштарот кој го носи пензискиот чек). Зоран Шаклев потекнува од скромно, просечно работничко семејство, а во тој период имал големи амбиции да влезе во бизнисот со оружје. Познато е дека во истиот период приматот во бизнисот со оружје го имал „MIKEI", а сосема друго прашање е за кого оваа фирма работешс и каква улога имаше во времето на ембаргото.
Тогаш, младиот екскапетан многу зборувал низ штипската чаршија. Имал голема амбиција да успее во животот, а сам се вплеткал во тоа глупаво сценарио. По се изгледа, Зоран Шаклев самиот бил жртва на заговор, не бил свесен каква е неговата улога во тоа сценарио (тогаш можел да биде и убиен), како стоеле работите во тој период.
Оттука произлегува и сомневањето како и колку да му се верува на Зоран Шаклев (кој нема никакво искуство во КОС) и дали постоела вистинска нарачка за атентат врз Ванчо Чифлиганец и премиер во тоа време Бранко Црвенковски. Информирањето на полковникот Јане Двојаковски, околу овие ,,нарачани" атентати не биле доволно поткрепени со докази (зашто во неговиот картон во Генералштабот во ЈНА, во Белград пишува ,,брдска пешадија", а за оценките и да не зборуваме, тоа е сепак воена тајна).

ВО АФЕРАТА ИНВОЛВИРАНИ МНОГУ ЛИЧНОСТИ
Извори блиски до Службата тврделе дека истражувачката акција околу оваа афера се одвивала набрзина, поради што и биле направени повеќе пропусти, а кулминацијата која ја доживуваат актерите на тоа промашено сценарио, се разбира, е резултат на самиот режисер.Меѓутоа, останува нејасно зашто тогаш не реагирал јавниот обвинител, или имал право и зашто случајот Шаклев имал посебен третман кај разузнавачките служби - досието на екскапетанот Зоран Шаклев.
Кој и зошто во тоа време го нишанел поранешниот министер Благоја Ханџиски знае тој самиот, а тука треба да се разграничи прашањето - кога почнува политичката употреба на досието Зоран Шаклев, при што е повеќе од очигледно дека има политичка злоупотреба. Кој во име на Службата дозволил таква акција...?
Во случајот е нејасно тоа што понатаму, во оваа афера, го среќаваме името на Мане Јаковлевски (задграничен координатор на ВМРО - ДПМНЕ). Што барал Зоран Шаклев кај него во Берлин, зошто се среќавал со него токму во времето кога тој му дал поддршка на Љубчо Георгиевски за превласт на партијата на Борис Змејковски.
Според информациите од архивот, тогаш Зоран Шаклев му кажал на Мане Јаковлевски: „Нас една мајка не доеше во болницата, цицавме исто мајчино млеко"... објаснување: мислел на себе и на тогашниот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски...
Во тој период во сценариото на аферата Шаклев се вклучуваат и нови актери. За нив се врзани и низа прашања: Каква улога играле во тоа време Добри Величковски и Драган Сгојманоски-Млекце?; Зошто сакале да го обвинат полковникот на АРМ (Јане Двојаковски) во тоа време?; Што бара тука Љубо Јовановски?
Ако детаљно се анализираат сите овие прашања, секако заедно со одговорите, повеќе од очигледно е дека самиот екскапетан Зоран Шаклев е жртва или сведок.Згора на се тоа останува и нејасно зошто Владо Поповски, кој во тоа време раководел со Агенцијата за разузнавање, се однесувал со резерва кон случајот, зошто така го претставил екскапетанот, која била причината за тоа.
ВТОР ДЕЛ НА АФЕРАТА ШАКЛЕВ
Зоран Шаклев повторно шири дезинформации, но сега за атентатот врз претседателот Киро Глигоров - да се откупи, овој пат кај ВМРО-ДПМНЕ, заради што и насочува на погрешен пат.
По се она што веќе било објавено во јавноста, особено за Зоран Шаклев, навистина е наивно дека некој ќе поверува во информациите кои се добиени од екскапетанот, особено што тој бил во бегство, во Германија. Ваквите информации заслужуваат темелна проверка, уште повеќе што тој навел дека неговите извори се од Скопје. Енигма е од кого и зошто тие повторно се лиферувани преку него.
Атентатот врз претседателот Киро Глигоров секогаш е актуелен, дури и ден-денес, 2008 г., затоа што не е разјаснет. Дали тоа некому му одговара?
Најверојатно. Ќе се навратиме на ексллозивот, кој според официјалното соопштение на МВР, наводно настанал во една касарна (глупости). Во Македонмја, барем до тогаш не се произведуваше експлозив. Можеби бомбата била донесена од надвор или е направена во Тетово.
На тоа прецизно може да одговори тогашниот министер на МВР, Љубомир Фрчковски, затоа што тој посочил дека експлозивот бил од АРМ (ЈНА) и дека офицери на АРМ се вмешани во атентатот. Ваквиот заклучок го базирал на фактот дека таков експлозив се користел во поранешната ЈНА. Можеби неговите информации се на вистинскиот пат, зошто не!
Меѓутоа, тоа што збунува во ваквата изјава е контрадикторноста, еден министер на МВР, Љубомир Фрчковски, да нема чувство колку се тоа 40 килограми експлозив. Колку за дообјаснување, ако толку тежела бомбата, со толкаво количество експлозив, возачот и совозачот ќе биле на кафе во хотелот „Бристол". Секако, ова кажано во персонификација, бидејќи тоа било вистинска нуклеарна бомба. Шансите да се преживее биле минимални. Таквите неиздржани изјави на тогашниот министер Љубомир Фрчковски само дале крајно драматична нијанса на случајот. Ако сакал да има мир во животот министерот Фрчковски требало да поднесе оставка.

продолжува ........................
Jimmy- Пензионер
-
Треснал Глупости : 660
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 38
Се наоѓам : у кабинет
Ден на регистрирање : 2007-05-19
Re: Атентатот врз Киро Глигоров
More trebase da go operet togas
jovanco- Почетник
-
Треснал Глупости : 10
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 34
Се наоѓам : struga
Ден на регистрирање : 2008-03-02
Re: Атентатот врз Киро Глигоров
moe mislejne trebase da go otepaat okoto sakato mislam precedatelot
gimi- Почетник
-
Треснал Глупости : 2
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 38
Се наоѓам : struga
Ден на регистрирање : 2008-06-07
Re: Атентатот врз Киро Глигоров
Баш фино што не го убија - вака е подобро ке се мачи и ке ги плаќа гревовите што ги има правено над македонците
:: Македонија и свет :: Историја
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот