Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Никола Тесла - сите "фобии" на големиот научник

5 posters

Go down

Никола Тесла - сите "фобии" на големиот научник Empty Никола Тесла - сите "фобии" на големиот научник

Пишување by Jimmy Сре Мар 19 2008, 15:56

Ако го замислиме модерниот свет лишен од изумите на Тесла, би биле изненадени колку тој би бил сиромашен. Џиновската индустрија би била мртва, фабриките би биле пусти, градовите би останале во темнина, луѓето би биле лишени од радиото и телевизијата, би застанале трамваите, тролејбусите, возовите... ширум планетата би завладеал морничав мир, молк и мрак. Бучниот и осветлен свет наеднаш би станал маѓепсано и заспано кралство од Трнорушка.

Монументалното научно дело на Тесла е грижливо проучено и добро оценето. За епохалната вредност на неговите пронајдоци на подрачјето на електрониката се знае многу и веродостојно, но за структурата и динамиката на неговата интересна личност, се знае малку и недоволно веродостојно.

Личноста на Тесла и денес се уште е енигматична, обвиена со многу тајни. На површината добро се видливи способностите на Тесла и цртите на личноста како што се развиена фантазија, интровертност, љубопитност, рационализам, аскетизам и друго. Кај Тесла уште во раното детство се покажала особена моќ на имагинација односно способност за создавање детални, богати, живи и реалистични претстави во фантазијата. Благодарение на живата имагинација, Тесла лесно во својот ум реализирал многу сложени експерименти без какви било цртежи, примери и лабораториски инструменти. Тој, несомнено бил исклучително интровертна личност, грижливо свртена кон скриениот субјективен свет, склон кон интроспекција.

Најголемата и најгрижливо негувана страст на Тесла била страста за изнаоѓање непознати принципи, закони и неистражени светови. Најголемо задоволство овој воздржан и дисциплиниран човек наоѓал во истражувањето во радоста на откривањето.



РАДОСТ НА НАУЧНОТО ОТКРИВАЊЕ


- Мислам дека не постои восхитување кое може да помине низ човековата душа слична на она што научникот го чувствува кога ќе види дека творбата на неговиот мозок се претвора во успех...Таквите чувства го тераат човек да заборави на храна, сон, пријатели, љубов - се - зборуваше Тесла.

Големиот научник успеа со силата на железната волја да направи од себе робот и својата енергија да ја подреди на една единствена цел - творечката работа. Аскетизмот на Тесла е видлив во неговиот однос кон жените. Тесла, тврди О'Нил, ја избриша љубовта од својот живот, дури и жената ја избриша од своите мисли.



ОДРЕКУВАЊЕ ОД БРАКОТ


Во едно интервју, на прашањето дали уметниците и научниците треба да се женат, Тесла вели : Уметникот, да; музичарот, да; научникот, не. Првите двајца мораат да добиваат инспирација од женското влијание и до фините достигнувања да дојдат водени од љубовта, но природата на научникот е со толку диво, страстно во себе, така што предавајќи и се на жената која ја сака, би предал се и ништо не би му останало за избраното поле. Не верувам дека можете да наведете многу големи научници кои биле оженети - рекол Тесла. Тој додал дека и тоа е штета бидејќи понекогаш сме така осамени.

Таткото на современата електротехника и роботика имал огромна верба во моќта на логосот и техниката. Тој во себе носел просветителско убедување дека со напредокот на знаењето човекот незадржливо се движи кон благосостојба, материјална и духовна.


продолжува .. ........ ...
Jimmy
Jimmy
Пензионер
Пензионер

Male
Scorpio

Треснал Глупости : 660
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 38
Се наоѓам : у кабинет
Ден на регистрирање : 2007-05-19

Вратете се на почетокот Go down

Никола Тесла - сите "фобии" на големиот научник Empty Re: Никола Тесла - сите "фобии" на големиот научник

Пишување by Kosta Сре Мар 19 2008, 17:14

:thumbup1: :thumbup1: Браво за извадоков.
Kosta
Kosta
Најфорумче манијак
Најфорумче манијак

Male
Scorpio

Расположение : Никола Тесла - сите "фобии" на големиот научник Relaxed
Треснал Глупости : 2202
Поени : 159
Репутација : 3
Поминат рок на траење : 38
Се наоѓам : Струга
Ден на регистрирање : 2007-05-16

http://www.najforumce.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Никола Тесла - сите "фобии" на големиот научник Empty Re: Никола Тесла - сите "фобии" на големиот научник

Пишување by Vase Сре Мар 19 2008, 22:25

Леле Џими колку си мустичен со ова продолжува .. ..... се чувствувам ко у некој филм to be continoued. Али свака част за постот
Vase
Vase
Најфорумче манијак
Најфорумче манијак

Male
Capricorn

Расположение : Никола Тесла - сите "фобии" на големиот научник Amused
Треснал Глупости : 493
Поени : 3
Репутација : 3
Поминат рок на траење : 37
Се наоѓам : vo mestopolozba
Ден на регистрирање : 2007-11-17

Вратете се на почетокот Go down

Никола Тесла - сите "фобии" на големиот научник Empty Re: Никола Тесла - сите "фобии" на големиот научник

Пишување by bonte Чет Мар 20 2008, 02:30

Jimmy да имаа постојве плус и минус ке ти ставев една минуска за ракописот и една голема плуска за постот Smile
bonte
bonte
Технолошки Вишок
Технолошки Вишок

Male
Sagittarius

Расположение : Никола Тесла - сите "фобии" на големиот научник Bored
Треснал Глупости : 1180
Поени : 24
Репутација : 1
Поминат рок на траење : 35
Се наоѓам : Struga
Ден на регистрирање : 2007-06-02

http://www.nemam.com

Вратете се на почетокот Go down

Никола Тесла - сите "фобии" на големиот научник Empty Re: Никола Тесла - сите "фобии" на големиот научник

Пишување by Jimmy Чет Мар 20 2008, 16:37

СКРИЕНИ ЦРТИ: СКЛОНОСТ КОН МИСТИКА И НАРЦИЗАМ


Овој голем рационалист бил истовремено подложен на парапсихолошки доживувања, визии и мистични состојби. Сепак, ниту е ретко, ниту необично токму оние кои го пренагласуваат значењето на разумот, длабоко во несвесното да кријат потиснати склоности кон мистични и култни појави. Под Теслината впечатлива скромност и аскетизам се крие нарцисоидноста, која е забележителна во неговиот напор своите големи откритија да ги направи пристапни до јавноста на доста ефектен, а често и сензационален, шокантетн начин на кој ја фасцинирал публиката. Да се потсетиме на познатите пози на фотографиите на Тесла, на кои големиот научник седи и чита во лабораторија осветлена со мистичен блесок од сноп на вештачки молњи.



ПРОБЛЕМОТ СО НЕУРОЗАТА НА ТЕСЛА


Неспорно е дека Тесла имал разноврсни фобии (претереан страв од нечистотија и зарази), аверзија (кон дебели жени, обетки, бисери, коса), како и работи како миење раце и броење. И покрај неуротичните симптоми, за Тесла не може да се тврди дека бил неуротичен. Неурозата подразбира по дефиниција, слабост на функцијата на егото, неспособност на мисловната концентрација, отежнато расудување, проблем во одлучувањето, како и непособност за добро извршување на професионалната дејност. Големиот научник, неспорно, имал извесни неуротични црти (претерана уредност и чистота, тврдоглавност, самодисциплина), но не бил неуротичен. Доказ за тоа е неговата необична работна енергија и исклучително плодна научна дејност. И на крај, Тесла, никогаш не се пожалили дека му е потребна помош на психијатар. Според тоа, Тесла не бил неуротичар туку имал опсесивна структура на карактерот. Тој своите опсесивни реакции успеал да ги совлада и вклопи во структурата на личноста, така што дури и му помагале во творењето.


продолжува ..............
Jimmy
Jimmy
Пензионер
Пензионер

Male
Scorpio

Треснал Глупости : 660
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 38
Се наоѓам : у кабинет
Ден на регистрирање : 2007-05-19

Вратете се на почетокот Go down

Никола Тесла - сите "фобии" на големиот научник Empty Re: Никола Тесла - сите "фобии" на големиот научник

Пишување by Jimmy Пет Мар 21 2008, 15:24

„Никола Тесла беше голем човек. Неверојатен научник , но пред се жител на овој свет Тој како светски космполит сакаше со неговите пронајдоци да му подари на светот подобар живот, вели за Дојче Веле кустусот на техничкиот музеј во Загреб Ренато Филипин и додава „Пронајдоците на Тесла денес ги среќаваме на секој чекор. Наутро, на пример, кога вклучувате радио, доколку имате будилник кој работи на струја, фрижидерот, правосмукалката, вентилаторот тоа се се технички достигнувања кои работат на наизменична струја. Денеска можеме да кажеме дека и мобилниот телефон работи на струја и го користи тој тип на струја за која Никола Тесла ја поставил основата. Кога го вклучуваме телевизорот и гледаме некоја емисија, сигналите кои се пренесуваат и доаѓаат до нас исто така го имаат истиот состав што Тесла прв го започнал.Во областа на медицината имаме исто така пронајдок од Никола Тесла. Тоа е рентгенот. Сите велат дека Рентген го пронашол рентгенот, меѓутоа икс-зраците уште пред Рентген ги пронашол Тесла во неговата лабораторија, меѓутоа тој не ги опишал детално. Може да се каже икс-зраците биле еден вид нус-производ на неговите истражувања„

Пронајдоците на Тесла имаат и негативно влијание во светот


Сите овие технички помагала ни го олеснуваат и збогатуваат секојдневниот живот, благодарение на истражувањата на Тесла. Меѓутоа има некои негови пронајдоци, што не се користат за доброто на човештвото, туку за негово уништување, објаснува кустусот Филипин:

„ Водењето проектилите е еден од пронајдоците кои Тесла подацна и го понудил на американската морнарица. Тогаш неговиот предлог не бил прифатен, но денес САД ваквата техника за водење проектили ја користат интензивно. Тесла исто така е користен и како на пример кај идејата на Роналд Реган за војната на звездите. Создавање на одбранбен систем во вид на штит во случај на напад од друга држава. Освен тоа тој заговарал и роботи, наместо живи војници, кои би ги уништувале непријателите. „

И покрај многубројните пронајдоци и истражувања Никола Тесла не бил многу познат во светот, смета Филипин:

„Мислам дека неговото дело не е доволно вреднувано. Тесла е значаен токму поради неговите фундаментални пронајдоци и истражувања врз кои се надоградувале сите денешни чуда на техниката. Во САД Никола Тесла е многу попознат како научник и пронаоѓач, отколку во Европа. Може да се каже дека Тесла ја започна втората индустриска револуција, односно процесот на воведување електрична струја во светот.„

За тоа постојат повеќе причини


„Неговите патенти најчесто ги краделе, затоа што тој бил шоумен. Едноставно сакал да ги покажува своите лаборатории и пронајдоци. Тоа најчесто било злоупотребувано на тој начин што други ги копирале неговите пронајдоци или пак на основа на неговиот пронајдок додале уште нешто свое и го преставувале како свое дело. Таков пример е Маркони. Тој за својата работа доби дури и Нобелова награда, а всушност научната работа за пренесување на радио бранови ја препишал од Тесла. Никола Тесла на пример не се концентрирал само на пренесувањето на безжични сигнали, тој сакал да направи многу повеќе.Тој сакал да го докаже и безжично пренесувањето на енергија, односно да ги постави темелите на радио техниката. Но, бидејќи не успеал да ја патентира својата идеја, тоа го направил Маркони. „-објаснува кустусот на техничкиот музеј во Загреб Ренато Филипин.

И покрај парите и славата што ги имал овој голем научник, сепак целиот свој живот го поминува во хотели или во лаборатории. Никогаш не се оженил, а умрел во јануари 1943 во една хотелска соба во Њујорк од непознати причини.


крај................ ако има некој уште нешто слободно нека додаде
Jimmy
Jimmy
Пензионер
Пензионер

Male
Scorpio

Треснал Глупости : 660
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 38
Се наоѓам : у кабинет
Ден на регистрирање : 2007-05-19

Вратете се на почетокот Go down

Никола Тесла - сите "фобии" на големиот научник Empty Re: Никола Тесла - сите "фобии" на големиот научник

Пишување by iki Чет Сеп 18 2008, 04:09

или Коле чеканчето Very Happy
iki
iki
Асистент
Асистент

Female
Aquarius

Расположение : Никола Тесла - сите "фобии" на големиот научник Happy
Треснал Глупости : 73
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 33
Се наоѓам : struga
Ден на регистрирање : 2008-09-15

Вратете се на почетокот Go down

Никола Тесла - сите "фобии" на големиот научник Empty Re: Никола Тесла - сите "фобии" на големиот научник

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот