На Евровизија ќе пееме на англиски јазик!
+4
MaX
~The Vampire~
Kosta
najforumce
8 posters
:: Забава и култура :: Музика
Страна 1 of 1
На Евровизија ќе пееме на англиски јазик!
Нашите евровизиски претставници Тамара, Врчак и Адријан периодов беа максимално ангажирани околу снимањето на песната Во име на љубовта на англиски јазик, бидејќи на Евросонг во Белград ќе се пее токму на англиски.
Во работата на песната, покрај Раде Врчаковски, како автор, беа вклучени и уметничкиот директор на домашниот Евросонг, Валентино Скендеровски, како и Роберт Билбилов, кој неодамна, како придружен вокал, со Тамата, Врчак и Адријан ревијално настапи на Беовизија. Песната Во име на љубовта се работеше во неколку скопски студија – кај Врчак, кај Билбилов, и во Ентерпрајз, кај Валентино Скендеровски, каде се снимени гудачите од Филхармонија. За нив аранжманот го напиша маестрото Кире Костов...
Песната викендов беше испратена на мастеринг во Холандија, а неделава, кога ќе биде вратена од таму, на средба на сите делегации во Белград, и официјално ќе биде промовирана...
Освен на македонски и англиски, Во име на љубовта ќе биде препеана и на уште неколку јазици: руски, српски, турски и албански. Договорено е верзијата на албански да ја пее Адријан Гаџа.
Паралелно со неколку верзии на песната, се подготвува и видео-спот за секој од јазиците... Исто така се подготвува и фото-сесија на нашите евровизиски претставници, како и кореографија, за која е задолжен Адријан. Тимот е во контакт со еден познат црномурест кореограф од Германија, кој би требало да се приклучи како помошник на Гаџа.
Откако ќе ги завршат подготовките врзани за песната и за спотот, се планира Тамара, Врчак и Адријан да ја промовираат песната во неколку земји од регионот (Хрватска, Бугарија и Словенија), но и подалеку, во Шведска, Швајцарија, Германија или Италија..., како и во некоја држава од регионот на поранешниот СССР.
Заради евровизиските ангажмани, периодов Тамара, Врчак и Адријан ќе апстинираат од клупските настапи, со исклучок на 21. март, кога Адријан и Тамара ќе имаат од порано договорен настап во Битола...
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
Re: На Евровизија ќе пееме на англиски јазик!
И после се... пак ќе сме меѓу последните, зашто песнава е најглупава досега што ќе ја пуштаме... Подобро ќе беше Боки 13 да го пуштиме
Re: На Евровизија ќе пееме на англиски јазик!
100 пати е појака песната од Боки...Барем ако не ќе имавме супер настап а тоа е тоа што се гледа на евровизија.....Kosta напиша:И после се... пак ќе сме меѓу последните, зашто песнава е најглупава досега што ќе ја пуштаме... Подобро ќе беше Боки 13 да го пуштиме
~The Vampire~- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1353
Поени : 75
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 35
Се наоѓам : Некаде помеѓу земја и небо
Ден на регистрирање : 2008-02-14
Re: На Евровизија ќе пееме на англиски јазик!
Тоа шо ке пееме на англиски ке пееме него остај тоа па избравме имиња а не песна имаше многу бољи песни од оваа ама ај
Vase- Најфорумче манијак
-
Расположение :
Треснал Глупости : 493
Поени : 3
Репутација : 3
Поминат рок на траење : 37
Се наоѓам : vo mestopolozba
Ден на регистрирање : 2007-11-17
Re: На Евровизија ќе пееме на англиски јазик!
Абе овие на македонски незнает да пеет непаки на англики...
Re: На Евровизија ќе пееме на англиски јазик!
еве ја англиската верзија на песната
Jimmy- Пензионер
-
Треснал Глупости : 660
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 38
Се наоѓам : у кабинет
Ден на регистрирање : 2007-05-19
Re: На Евровизија ќе пееме на англиски јазик!
aaa катастрофиииииииииии !!! 100 % ќе сме претпоследни, бидејќи англија е секогаш последна !!! :0531:
Re: На Евровизија ќе пееме на англиски јазик!
bonte напиша:Абе овие на македонски незнает да пеет непаки на англики...
:thumbup1: :thumbup1:
Re: На Евровизија ќе пееме на англиски јазик!
bonte напиша:Абе овие на македонски незнает да пеет непаки на англики...
Алал да ти е Бонте.Во право си 100000000000000000000000%
Re: На Евровизија ќе пееме на англиски јазик!
Ауууууу што е со нумерава катастрофа невидена, башка текстов жива патетика.Луѓе со вакви патетики не се победува
Vase- Најфорумче манијак
-
Расположение :
Треснал Глупости : 493
Поени : 3
Репутација : 3
Поминат рок на траење : 37
Се наоѓам : vo mestopolozba
Ден на регистрирање : 2007-11-17
:: Забава и култура :: Музика
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот