Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Трикови за убавина

Go down

Трикови за убавина Empty Трикови за убавина

Пишување by najforumce Пон Мар 17 2008, 13:10

Трикови за убавина Slika110

Ако сте решиле да ги пoкриете недостатоците на вашето лице, не ви се потребни пластични операции, можете нив да ги покриете со применување на едноставни совети од професионални шминкери. Триковите кои ги користат професионалните шминкери и фризери не се многу комплицирани за да неможете успешно да ги сокриете одредени недостатоци. За да од својот изглед добиете максимум, потребна е мала рутина и промена на вообичаениот начин на шминкање. Фризурата исто така може да ги прикрие недостатоците на лицето. Така на пример, жените кои сметаат дека нивниот нос е предолг или преголем требаат да обрнат внимание на должината на косата и обликот на својата фризура. Најдобро е косата да биде малку позади вашите рамења, а фризурата со голем волумен. Тоа визуелно ќе го сокрие вашиот нос, а сличен ефект има и светлата боја на коса.

За визуелна промена на вашиот нос можете да искористите и шминка, така што ќе ставите малку руменило на средината на вашето чело, а за сјајот на носот ќе ставите коректор со малку потемна нијанса од вашата боја на кожа. Некои козметички професионалци предлагаат и ставање на коректор во областите околу вашиот нос. Испробајте ги и двете варијанти и оцените која е успешна на вашето лице.

За да го прикриете вашето лице од акни, искористите кремаст коректор и тенка четкичка со која ќе ги пополните критичните места, а бојата на коректорот нека биде за нијанса посветла од подлогата.

За успешно сокривање на темните подочнаци најдобро е прво да поставите подлога, а потоа коректор со малку посветла нијанса. При нанесувањето, кремастиот коректор разредете го со капка вода, за да биде погуст, бидејќи незаразредената смеса од коректорот може да ги истакне брчките. Ако не можете да најдете квалитетен коректор, употребите две подлоги со различни нијанси, една која е слична со ваша боја на кожа и друга која е посветла. Ако од прва не успеете, не се откажувајте, бидејќи за совршена шминка е потребна рутина.

Веѓите често четкајте ги према горе со посебна четкичка. На местата на кои веѓите се поретки или ги нема, употребите молив за очи со боја како и вашите веѓи. Немојте да повлекувате долга рамна линија, бидејќи ќе изгледате неприродно. После обликувањето, ставите на нив многу малку пудра и повторно исчеткајте ги. Доколку се одлучите за обликување на вашите веѓи со чупање, не мората да го следите нивниот природен облик, но тоа е најдобро да им го препуштите на козметичарите.
najforumce
najforumce
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение : Трикови за убавина Sneaky
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот