Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

„Авалон“ го носи Лени Кравиц во Македонија

5 posters

Go down

„Авалон“ го носи Лени Кравиц во Македонија Empty „Авалон“ го носи Лени Кравиц во Македонија

Пишување by najforumce Сре Мар 12 2008, 03:15

„Авалон“ го носи Лени Кравиц во Македонија Arts_k10

Легендарниот американски рок-музичар Лени Кравиц кон крајот на летото доаѓа во Македонија на целовечерен концерт, кој ќе се случува во организација на „Авалон продукција“! Веста за гостувањето на популарниот музичар во нашата земја е една од најстрого чуваните тајни моментно, а тензијата околу неговото гостување започна да се крева пред неколку дена кога низ потесното градско подрачје во Скопје повеќе ѕидови беа прекриени со бели плакати и огромни букви: Лени Кравиц во Македонија!?

Организаторите на концертот од „Авалон продукција“ засега одбиваат да објават какви било детали околу претстојното гостување. Тие останаа воздржани околу потврдата на неговиот настап, како и околу обелоденувањето на точниот датум и местото на одржување на концертот. Веста за доаѓањето на Кравиц во Македонија ни ја потврдија нивните колеги, организатори на неговите концерти на Балканот, од кои дознаваме дека настапот на Кравиц во нашата држава сосема е извесен. Потврда добивме и во „Џоинт медија“, организатор на софискиот концерт на Кравиц во Бугарија, закажан за 27 јули на стадионот „Академик“, а тоа го слушнавме и од главните конкуренти на „Авалон продукција“, „Литиум рекордс“.

Засега останува отворено прашањето дали менаџментот на Лени Кравиц ќе ја додаде Македонија меѓу настапите во Белград (24 јули) и во Букурешт (26 јули) или ќе го остави по софискиот концерт (27 јули), односно ќе чека на термин по 1 август, кога популарниот музичар настапува во Атина. Неофицијално, во чаршиските кулоари се шпекулира дека, наместо во Скопје, концертот на Кравиц во Македонија би можел да се одржи во близина на Охрид, односно на некоја локација на Охридско Езеро.

Популарниот музичар, кој е препознатлив по рефрените „Let Love Rule“, „Mama Said“, „Are You Gonna Go My Way“, моментно е актуелен со својот нов албум „Време е за љубовна револуција“ („It is time for a love revolution“), кој беше објавен на 5 февруари и е осмо издание во неговата кариера. Новото цеде доаѓа по четиригодишна пауза и претставува навраќање на шеесеттите години. „Мислам дека љубовната револуција започнува во нас. Длабоко во нашиот дух и тоа треба да биде нешто што ќе го практикуваме дома, со нашите семејства, нашата заедница“, вели Кравиц за својот албум, чиј најавен сингл беше „I’ll Be Waiting“. Албумот говори за љубовта и спиритуалната револуција, повикувајќи ги луѓето да се отворат и да ја пуштат љубовта во своето срце.

Лени Кравиц е роден на 26 мај 1964 година во Бруклин, Њујорк, и е син на ТВ-продуцентот Сај Кравиц, кој има руско еврејско потекло, и актерката Рокси Рокер, по потекло од Бахамите. Во 1997 година се ожени со актерката Лиза Бонет, со која ја има ќерката Зои Изабел, а се разведе во 1993. Албумите на Лени Кравиц се продадени во над 20 милиони копии, тој има освоено многу музички признанија, меѓу кои се и неколку статуети „Греми“ за најдобар рок-изведувач, кои ги добиваше четири години едноподруго, во периодот од 1998 до 2002 година... Освен што компонира и пишува текстови, Лени свири на гитара, тапани, клавијатури и перкусии.
najforumce
najforumce
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение : „Авалон“ го носи Лени Кравиц во Македонија Sneaky
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12

Вратете се на почетокот Go down

„Авалон“ го носи Лени Кравиц во Македонија Empty Re: „Авалон“ го носи Лени Кравиц во Македонија

Пишување by borisd Сре Мар 12 2008, 03:20

И уште овај да дојде во Струга и стварно од град на поезијата ке станеме во град на што знам, журките ваљда не? Very Happy Сепак јако би било да дојде во Македонија, јас мислам дека би вредело!
borisd
borisd
Banned

Male
Sagittarius

Расположение : „Авалон“ го носи Лени Кравиц во Македонија Yeehaw
Треснал Глупости : 1887
Поени : 70
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 37
Се наоѓам : 41.18°N 20.68°E
Ден на регистрирање : 2007-05-17

http://www.myspace.com/boris_d

Вратете се на почетокот Go down

„Авалон“ го носи Лени Кравиц во Македонија Empty Re: „Авалон“ го носи Лени Кравиц во Македонија

Пишување by MaX Сре Мар 12 2008, 03:23

Хмм не би вредело да го видиме баш Лени во МК.Има подобри од
него каде каде.На пример Дејвид Боуви или Депеш Моде.
MaX
MaX
Вирус
Вирус

Male
Cancer

Расположение : „Авалон“ го носи Лени Кравиц во Македонија Amused
Треснал Глупости : 2547
Поени : 70
Репутација : 3
Поминат рок на траење : 40
Се наоѓам : Struga
Ден на регистрирање : 2007-06-12

http://www.najforumce.com

Вратете се на почетокот Go down

„Авалон“ го носи Лени Кравиц во Македонија Empty Re: „Авалон“ го носи Лени Кравиц во Македонија

Пишување by SteelTemplar Сре Мар 12 2008, 09:13

Ај сеа не пребарвите вие сакавте да се дешават нешо еве се дешават боље ишта него ништа

SteelTemplar
Jehovah

Male
Scorpio

Расположение : „Авалон“ го носи Лени Кравиц во Македонија Psychedelic
Треснал Глупости : 425
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 38
Се наоѓам : Struga
Ден на регистрирање : 2007-06-28

Вратете се на почетокот Go down

„Авалон“ го носи Лени Кравиц во Македонија Empty Re: „Авалон“ го носи Лени Кравиц во Македонија

Пишување by Jimmy Сре Мар 12 2008, 16:25

Се зборува дека тој ќе не почести со својата музика во Струга, на 3 август, на плажата Изгрев.
извор Вест
Jimmy
Jimmy
Пензионер
Пензионер

Male
Scorpio

Треснал Глупости : 660
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 38
Се наоѓам : у кабинет
Ден на регистрирање : 2007-05-19

Вратете се на почетокот Go down

„Авалон“ го носи Лени Кравиц во Македонија Empty Re: „Авалон“ го носи Лени Кравиц во Македонија

Пишување by najforumce Саб Мар 15 2008, 13:09

Na negovata oficijalna strana go pise ova:

08/03/2008 - Ohrid Stadium - , MK
LENNY KRAVITZ
08/03/2008
EUROPEAN TOUR
Ohrid Stadium
, MK

Znaci vo ohrid e, ne e vo struga.

PS: Izvinete za latinicava ke go menam od doma postov, zaso momentalno ne sum doma.
najforumce
najforumce
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение : „Авалон“ го носи Лени Кравиц во Македонија Sneaky
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12

Вратете се на почетокот Go down

„Авалон“ го носи Лени Кравиц во Македонија Empty Re: „Авалон“ го носи Лени Кравиц во Македонија

Пишување by Jimmy Саб Мар 15 2008, 16:43

Да, точно е…

Авалон Продукција го потврди концертот на еден од најголемите светски rock and roll херои, фантастичниот Lenny Kravitz!

Терминот на концертот е точно на прославата на Илинденските празници – 3ти Август 2008 година.

Потполно свесни за големината на Lenny, за тоа што би добила Македонија за Илинден и пред се што добива Македонија во својата летна туристичка понуда НАША ЖЕЛБА е овој концерт да се одржи во Македонија и тоа се разбира некаде на Охридското езеро.

Сепак, дали Авалон ќе го организира овој концерт во Македонија или во една соседна држава на Македонија ќе се знае во наредниот период.

извор: Авалон Продукција
Jimmy
Jimmy
Пензионер
Пензионер

Male
Scorpio

Треснал Глупости : 660
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 38
Се наоѓам : у кабинет
Ден на регистрирање : 2007-05-19

Вратете се на почетокот Go down

„Авалон“ го носи Лени Кравиц во Македонија Empty Re: „Авалон“ го носи Лени Кравиц во Македонија

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот