Засадена цреша на гробот на Тоше
:: Забава и култура :: Музика
Страна 1 of 1
Засадена цреша на гробот на Тоше
Црешата на гробот на Тоше Проески во Крушево, што денеска беше засадена, е првото од двете милиони дрва што ќе бидат засадени во националната кампања Ден на дрвото - Засади ја својата иднина. Дрвото го засадија членовите на иницијативниот одбор на кампањата Љупчо Бубо Каров, маестро Борис Трајанов и заменик министерот за земјоделство Перо Димшоски. Тука беа и членовите на семејството Проески, чичкото на Тоше, Тодор Проески и Андреј Николоски, извршен директор на Фондацијата Тоше Проески.
- Нашиот пријател Тоше беше еден од најголемите хумани луѓе. Да беше жив, тој прв ќе застанеше во кампањата. Затоа, симболично решивме кампањата да започне со засадување на црешата на вечното почивалиште на Тоше, затоа што со песната што ја отпеа за црешата како да ни остави аманет да направиме ваква хумана акција за нас и за идните поколенија, рече Љупчо Бубо Каров.
За маестро Борис Трајанов наша несреќа е да тажиме за нашиот ангел и хуман човек Тоше.Затоа оваа акција сакаме да биде сплотување на народот, на нешто убаво како да е Тоше со нас за да не спои и зближи, истакна Трајанов. Трајанов ја промовираше идејата да се направи парк со 26 цреши во кој ќе има клупи и ќе се слуша тивка музика, музиката на Тоше. Така луѓето ќе може да се одморат, духовно да се збогатат. Оваа идеја ќе ја спроведеме во сите македонски градови. Претседателот Борис Трајковски и Тоше Проески беа најголемите промотори на Македонија, на убавото од земјава. Овие големи луѓе покажаа дека не е важно што работиш, туку да ја сакаш својата земја, додаде Трајанов.
На семејството на Тоше Проески денеска пригодно му беа предадени статуетките Златна Бубамара на популарноста кои тој постхумно ги доби на годинашната манифестација: за животно дело, за пејач на годината, за албум на годината и за најслушана песна во 2007 година Игри без граници. Од името на семејството изразувам голема благодарност за честа што му е укажана на Тоше и на неговото семејство, изјави чичкото на Тоше, Тодор Анастас Проески. Статуетките семејството ќе ги пренесе во спомен куќата на Тоше која ќе се гради на Гумење.
Извршниот директор на Фондацијата Тоше Проески, Андреј Николоски потврди дека во фаза е изработката на планови за поврзување со останатите, пред се со балканските земји, а и со сите каде има македонски иселеници во светот.Инаку, вчера заврши меѓународниот конкурс за идејно архитектонско решение за изградба на спомен куќата на Тоше Проески на Гумење до народниот Музеј. Според Билјана Ќулавковска од Министерството за култура, досега пристигнале осум идејни решенија, но ќе се чека да поминат осум дена за да стигнат сите предлози испратени по пошта. Потоа жири комисија во која треба да има и меѓународен член ќе ги разгледува и ќе го избере најдоброто решение за спомен куќата на Тоше.
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
:: Забава и култура :: Музика
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот