Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Последна рунда преговори за името во Њујорк

Go down

Последна рунда преговори за името во Њујорк Empty Последна рунда преговори за името во Њујорк

Пишување by Kosta Чет Мар 06 2008, 04:35

Последна рунда преговори за името во Њујорк Macedo10

Последната рунда преговори за разликите околу името, која започна попладнево по македонско време во Њујорк, би можела, но и не мора да го даде финалниот одговор дали се гледа крајот на грчко-македонскиот спор и дали Македонија ќе добие покана за влез во НАТО.

Извори во ОН неофицијално најавуваат дека оваа рунда разговори би можела да биде суштинска и да продолжи во сабота.

Според последните информации, и двајцата преговарачи ќе бидат во постојан контакт со своите влади во Скопје и Атина и ќе можат директно да реагираат на сите прифатливи, но и на предлозите кои се спротивни на нивните позиции.

И покрај првичната најава дека Нимиц и преговарачите ќе се воздржат од давање изјави за време и по средбата, за да се избегне притисокот од јавноста, сепак неофицијално се дознава дека медијаторот доцна вечерва или утре наутро би можел да брифира за развојот на настаните.

Преговорите очигледно влегоа во критична фаза откако македонската Влада, по првичните позитивни реакции за дел од последните предлози на Нимиц, објави дека ништо освен двојната формула не доаѓа в предвид, а грчките политички партии донесоа консензус да се стави вето доколку нема само едно сложено име.Сепак, рано е да се каже дали двете страни навистина имаат тврди преговарачки позиции или сето тоа е дел од дипломатската игра која се води веќе 16 години.

Песимизам за можноста деновиве во Њујорк да се најде решение и во американскиот Стејт Департмент. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на САД, Том Кејси, смета дека во моментов преговорите се се уште далеку од решение.


„Сакаме да ги охрабриме грчката и македонската Влада да ги разгледаат поволните предлози на господинот Нимиц, за да се дојде до взаемно прифатливо решение во врска со спорот за името. Грција е важен пријател и НАТО-сојузник на САД“, изјави Том Кејси, портпарол на МНР на САД.

„Имаме и добри односи со Владата на Македонија и мислиме дека ова прашање е важно за двете земји и затоа се надеваме дека ќе најдат решение во ОН и преку господинот Нимиц да дојдат до решение“, додаде Кејси.

Извори блиски на преговарачкиот процес велат дека разговорите меѓу Македонија и Грција се една од најтешките дипломатски мисии на Нимиц,не само во последниве девет години, откога од страна на ОН е назначен за специјален пратеник во спорот за името, туку и во целата негова тридецениска кариера.Димитров и Василакис на средбата со медијаторот Нимиц влегоа со цврсти позиции дека ништо не може да го промени македонското уставно име и дека Грција нема да прифати ништо помалку од едно сложено име за Република Македонија.
Kosta
Kosta
Најфорумче манијак
Најфорумче манијак

Male
Scorpio

Расположение : Последна рунда преговори за името во Њујорк Relaxed
Треснал Глупости : 2202
Поени : 159
Репутација : 3
Поминат рок на траење : 38
Се наоѓам : Струга
Ден на регистрирање : 2007-05-16

http://www.najforumce.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот