Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Топ 10 од Леонардо да Винчи

Go down

Топ 10 од Леонардо да Винчи Empty Топ 10 од Леонардо да Винчи

Пишување by Jimmy Чет Мар 06 2008, 04:33

Топ 10 од Леонардо да Винчи Leonar11

10. Орбатно пишување

Голем број од делата на Леонардо се пишувани во спротивна насока (од десно кон лево). Поради ова обичните смртници можат да ги прочитаат само со огледало. Ваквата пракса може да е само уште една негова генијална досетка со која ги спречувал своите колеги да му ги крадат идеите. Но од друга страна можеби му било полесно да го влече острото перо по хартијата отколку да го бутка. Доколу сте леваци можете и вие да пробате, но ова обично им успева само на генијалци.


9. Опрема за нуркање

Неговата опседнатост со морето и желбата што повеќе да дознае за него го инспирирале да го создаде првото одело за нуркање. Тоа било сошиоено од кожа, имало цевка за дишење направена од трска, пераи за рацете и нозете, сигнално ѕвонче, а како посебен додаток за секој случај била вградена вреќичка за мала нужда.


8. Мобилен мост

Меѓу другото Леонардо бил и воен инженер. Најголем дел од неговите воени изуми биле наменети за полесно и побрзо повлекување. Еден од
најдобрите спасувачки изуми му бил мобилниот мост. Тој бил направен од цврст материјал, кој бил доволно лесен за транспортирање до одредена
точка. Во зависност од ситуацијата мостот можел да се подига или спушта, а метални полуги помагале во неговото ротирање.


7. Едрилица

Летањето било една од најголемите мистерии за Леонардо. Бидејќи не сакал нејаснотии во животот тој се фрлил на проучување на летот на птиците, лилјаците и структирата на нивните крилја. По повеќе не успешни обиди за директно монтирање на крилја на човек, тој ја смислил едрилицата. Моделот бил доста сличен со денешниот само што имал подвижни крилја. За разлика од денешната,неговата едрилица имала отворена кабина и неколку рачки за управување.


6. Топ со три цевки

Иако не го сакал војувањето сепак бил фасциниран со борбените машини. Во негово време топот бил едно од најважните оружја но и едно од најкомплицираните (бил доста тежок за движење и било потребно многу време за негово полнење).После кратко анализирање, Леонардо направил "апдејтувана" верзија на топ,кој наместо една имал
три цевки, бил направен од полесен материјал и ставен на полесна конструкција.


5. Оклопна кола

Во својот воен период Леонардо ја создал и првата борбена кола - возило во облик на желка, заштитено со метални плочи и наоружано со топови. Во него собирало осум војници кои го придвижувале возилото. Правецот на пукање го одредувал војникот кој седел во горниот дел од возилото.


4. Пропелер а.к.а хеликоптер

Еден од најпознатите цртежи на Леонардо е скицата на првиот хеликоптер. На него се гледа пропелер со дијаметар од 5 метри, направен од жица и од ткаенини. Оваа конструкција била зацврстена на дрвена платформа на која седат четворица луѓе кои го придвижуваат леталото. Сепак сите научници се согласуваат дека ова чудовиште нема шанси некогаш да се одлепи од земјата. Најубавото во целата работа е што Леонардо својата инспирација за овој проект ја добил гледајќи деца како си играат со ветерници.


3. Идеален град

Бидејќи поголем дел од својот живот го минал во Милано, кој во тоа време бил разорен од чума, Леонардо замислил град во кој би сакал да живее. Иделниот град имал широки улици кои биле на две нивоа (како платоа меѓу зградите). Горниот дел бил наменет за прошетки и за секојдневни пешачки активности, а надолниот се одвивал целиот сообраќај. Црквата била сместена во центарот, а самиот град се наоѓал покрај река која би решила најголем дел од неговите проблеми. На изненадување на денешните Миланези тој не предвидел простор за фудбалски стадион.


2. Автомобил

Дрвеното возило се движело со помош на пружини кои ја пренесувале силата на тркалата, а едно од нив служело за управување. Научниците од музејот во Фиорентина во 2004-та го редизајнираа ова возило и дојдоа до заклучок дека тоа работи баш како што било замислено од Леонардо.


1. Тајната на месечината

Пред околу 500 години, Леонардо реши една од најголемите астрономски мистериии на своето време - зошто кога се појавува млада Месечина, околу неа се гледа блед белег на полна Месечина. Дотогашната општо прифатена теорија била дека младата Месечина е во прегратка на старата. Објаснувањето на Леонардо било дека Месечината има своја атмосфера и свои мориња, кои ја рефлектирале светлината од Сонцето а бледата сенка на полна месечина е од светлината која се рефлектира од нашите океани.Единствено погрешил за осветлувањето на Месечината кое не доаѓа од морињата туку од облаците во атмосферата.
Jimmy
Jimmy
Пензионер
Пензионер

Male
Scorpio

Треснал Глупости : 660
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 38
Се наоѓам : у кабинет
Ден на регистрирање : 2007-05-19

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот