Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Ружин: Блиску сме до членство, без промена на идентитетот

Go down

Ружин: Блиску сме до членство, без промена на идентитетот Empty Ружин: Блиску сме до членство, без промена на идентитетот

Пишување by Jimmy Вто Мар 11 2008, 22:45

Ружин: Блиску сме до членство, без промена на идентитетот Ruzin10

Македонија ќе добие покана за членство, затоа што од правно-политички апсект ги исполни сите стандарди што се неопходни за една држава аспирант да добие покана за членство, изјави вчерa македонскиот амбасадор во НАТО, Нано Ружин, во интервју за Радио Дојче Веле. Сепак, тој признава дека како што обично бива, а во меѓународните организации, правото на вето на нашиот јужен сосед, кое, како што вели, можеби НАТО го потценуваше на почеток, може да ги искомпликува работите.

Зголемената дипломатска активност и на генералниот секретар на НАТО, Јаап Де Хоп Шефер, покажува дека ситуацијата е сериозна, независно од сите достигања на Македонија во изминатиот период. Што дознавте Вие, како амбасадор во Брисел, по враќањето на Шефер од Атина?

- Прво, и самиот истакна дека прашањето на спорот околу името не е прашање со коешто се занимава Алијансата, а од друга страна истакна една реалност, а тоа е дека нашиот јужен сосед е веќе 55 години членка на Алијансата, за разлика од Република Македонија, која што не е членка и нормално оттука може да се заклучи дека Грција како стара членка на Алијансата има право да употреби повеќе инструменти за да го спречи влегувањето на Република Македонија во НАТО. Но, Шефер не кажа дека тие инструменти навистина ќе се употребат. Впрочем, и досега во ниту еден официјален осврт, грчката страна не го употребила зборот вето. Таа кажала дека ќе употреби различни видови инструменти. Имено, денеска прашањето на проширувањето во Букурешт се гледа како прашање со кое Алијансата ќе пополни една позитивна, би рекол, празнина, затоа што во самото меѓународно милје добивањето нови членки е позитивен гест и Алијансата тоа сака да го направи.

Господине Ружин, на сите ни е јасно дека Грција има конкретен и јасен став и сака да остане на ставот, дури и да биде изолирана. Меѓутоа, и Македонија стои на своите ставови и не сака да ги промени. Каде гледате можен излез во предвечерјето на самитот во Букурешт?

- Видете, јас прво би сакал да кажам дека во овој миг мислам дека Македонија е единствена. Според тоа, сметам дека има решение, сметам дека сме многу блиску до членство во Алијансата, без да отстапуваме од нашите основни принципи, односно да го менуваме нашиот идентитет.

Како би можело да изгледа решението, ако ЕУ и НАТО настојуваат сите три земји, Албанија, Хрватска и Македонија, да ги примат во пакет? Знаеме дека сите 26 земји се повикани да ја потврдат одлуката. Значи, ако Грција не сака, дали Македонија ќе биде изземена или ќе помине предлогот сите да влезат во заеднички пакет, па подоцна да се бара некакво решение за името?

- Прашањето за приемот не се врши во пакет. Тој се врши во пакет во смисла дека се примаат одеднаш, им се испраќаат покани на три членки, но приемот се врши поединечно за секоја држава. Но, јас сепак сум убеден дека напорите на големите држави членки на Алијансата ќе доведат до одредени резултати. Мислам дека може да се надеваме на нешто. Нормално, не се исклучува и неуспех, но кога ќе ги измерам аргументите што се ЗА и аргументите што се оневозможувачки, кај мене сепак се зголемува чувството дека ќе се добие покана за членство затоа што постојат големи гео-политички и стратешки влогови околу ова проширување. Мислам дека едно прашање, коешто Грција го зголеми до ненормални граници, не е толку битно колку што е битно зачленувањето на Република Македонија во Алијансата.
Jimmy
Jimmy
Пензионер
Пензионер

Male
Scorpio

Треснал Глупости : 660
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 38
Се наоѓам : у кабинет
Ден на регистрирање : 2007-05-19

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот