Втората Светска Војна
2 posters
:: Македонија и свет :: Историја
Страна 1 of 1
Втората Светска Војна
1. Причини и почеток на војната
Причините за втората светска војна треба да се бараат уште во одлуките на Париската мировна конференција во 1919 год.. Германија, Италија и Јапонија не биле задоволни со овие одлуки. Тие не ги оствариле своите освојувачки цели. Германија се стремела да воспостави „нов поредок“ т.е светско господарство, Јапонија да воспостави доминација од Азија и на Пацификот, а Италија на Средоземјето, еден дел на Африка и на Балканот. Светот повторно почнувал да се дели во два големи сојуза. (фашистички и анти-фашистички). Германија, Јапонија и Италија во 1940 год. го создале тројниот пакт или сојуз. На 1 Септември 1939год. Германија ја нападнала Полска. Велика Британија и Франција на 3 Септември 1939год. и објавиле војна на Германија. Така започнала Втората Светска Војна.
2. Текот на војната
Во 1939год. се воделе помали борби во воздух и на море. Во текот на 1940 година , Германија ги окупирала Данска, Норвешка, Белгија, Луксембург, Франција и Холандија.
Во Норвешка дејствувала „петта колона“ како и во другите земји. Водач на норвешките соработници со окупаторот бил Видкун Квислинг. Неговото име станало синоним за домашните предавници и во другите земји - квислинзи.
На Далечниот исток, Јапонија продолжила со инвазијата во Кина. Во Северна Африка се воделе борби помеѓу англиските и италијанските трупи. Велика Британија била секојдневно бомбардирана од Германија.
На 22 Јуни 1941год. Хитлер го нападнал СССР, според претходно подготвениот план „Барбароса“. СССР бил нападнат на една широка линија на фронтот долг 3000км, со 190 елитни германски дивизии опремени со најсовремено вооружување. Германските војски продирале многу брзо низ светската територија и стигнале на приодите на Москва, но тука биле запрени од страна на Црвената армија. Во Декември Црвената Армија презела противофанзива.
Обидот на Хитлер да ги раздели антифашистичките сили не успеал. Во летото 1941год. со меѓусебни договори на Англија, СССР, САД, Франција и Кина била формирана АНТИХИТЛЕРОВАТА КОАЛИЦИЈА. Во Август истата година на еден воен брод на Атлантскиот Океан се состанале Делано Рузвелт и Винстон Черчил и ја донеле АТЛАНТСКАТА ПОВЕЛБА.
САД влегла во војната во прочетокот на Декември 1941год.. Таа била ангажирана и во војната против Јапонија на Пацификот.

Продолжува...
Caihlem- Почетник
- Треснал Глупости : 22
Поени : 0
Репутација : 0
Се наоѓам : Струмица
Ден на регистрирање : 2007-09-29
Re: Втората Светска Војна
Во летото 1942год. Германците презеле нова силна офанзива во три правци на територијата на СССР. По жестоките борби Германците стигнале до Сталинград и до Кавказ, околу Сталинград се развила Сталинградската битка, која претставува пресвртница во текот на ова војна.
Советската армија и во текот на 1943год. го носела главниот товар на борбите. Тогаш се одиграла и најголемата тенковска битка кај Курск, во Јули и Август 1943год.
Во текот на целата 1942год. во Африка се воделе жестоки борби. Најзначајна била победата на сојузниците во битката кај Ел-Аламејн. Во првата половина на 1943год. германските и италијанските војски биле исфрлени од Северна Африка. Во Јуни 1943год. сојузниците се истовариле во Италија, која капутулирала на 8 Септември 1943год. Германците брзо реагирале и за неколку дена ја презеле власта во Италија.
Во 1943год. САД ја презеле иницијативата во војната со Јапонија. Пресврт бил постигнат со битката на Нова Гвинеја. Американците освоиле низа острови на Пацификот, а во Кина зајакнал отпорот против Јапонија.
Војната продолжува со целата жестокост, а силите на Тројниот сојуз биле истиснувани на сите фронтови. Во Септември 1944год. била ослободена целата советска територија. Во Октомври советските трупи стапнале на тлото на Германија.
По долги воени и политички подготовки во почетокот на Јуни 1944год. било извршено истоварувањето на британско-американските трупи во Нормандија, во Франција. Тоа била позната операција „Оверлорд“(„Господар“). Во Сепмтеври биле ослободени Франција и Белгија. А, во Октомври почнале борбите и на германска територија.
Во 1944год. продолжила големата офанзива на САД на Пацификот. Американските поморски сили презеле поголем дел од островите на Пацификот. Во Кина било сопрено напредувањето на јапонските војски.
3. Победата над фашизмот
По продорот на силите на анти-хитлеровата коалиција од исток и запад на територијата на Германија, конечно на 2 Мај 1945год. бил освоен Берлин.
Во меѓувреме, на западниот фронт, во Март сојузниците ги ослободиле Луксембург и Холандија, а на југ допреле до границите на Австралија. На 9 Мај била објавена победата над фашизмот.
Јапонија потпишала капитулација на 2 Септември 1945год. Со тоа завршила Втората светска војна.
По шест години стравично војување, страдање и жрви човешството можело да здивне. Покрај основниот резултат, победата на силите на анти-фашистичката коалиција над фашистичките земји, оваа војна донесе про,ени во политичкиот систем на некои земји (воведување социјализам) и ги разбранува посилно анти-колонијалните националноослободителни држави.
Билансот на човековите жртви бил на 50 милиони мртви, од кои 1/3 ги загубиле животите на фронтовите, 2/3 од бомбардирања, болести, а најмногу во фашистичките „логори на смртта“. Биле ранети околу 35,000,000 луѓе. Светот доживеал невидени разурнувања, од кои долго се опоравувал.
Победничките големи сили Британија, САД и СССР покрај основната цел на војната - победата на Тројниот сојуз, имале и посебни цели, да ги прошират сферите на влијание. Но, и покрај тоа, Втората светска војна имала, пред се`, анти-фашистички карактер и ослободителен за најголемиот број народи во светот. Затоа тие масовно учествувале за одбраната на слободата, демократијата и правото на живот.

баш за ова учам сега :laugh:
Just*a*Girl- Професор
-
Треснал Глупости : 377
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 31
Се наоѓам : Tamu nekade
Ден на регистрирање : 2008-02-16
:: Македонија и свет :: Историја
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот