Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Петиција- да ги вратиме момците од Ирак!

4 posters

Go down

Петиција- да ги вратиме момците од Ирак! Empty Петиција- да ги вратиме момците од Ирак!

Пишување by mary_jane Чет Дек 06 2007, 13:50

подпишете- тука

петицијата гласи:

Ние, граѓаните на Република Македонија во името на добрите намери и определбите за хуманост и цивилизираност свесно застануваме против понатамошното учество на нашите војници во мисијата во Ирак. Апелираме до владата и до пратениците, кои одлуките ги донесуваат во наше име и со мандатот што сме им го дале преку непосредни демократски избори, да ги преиспитаат одлуките и при тоа да ги земат предвид и овие наши пораки.

Ова го бараме затоа што сметаме дека при донесувањето на одлуката за нашето учество во мисијата „Слобода за Ирак“ немаше јавна дебата и не беше ислушан гласот на јавноста за ова прашање. Последица на тоа се еден куп невистини кои се искористуваат како фалсификувани банкноти, како лажни факти за оправдување на испраќањето нови контингенти војници, симнување на ограничувањата што на македонските војниците им ги наметнуваат нашите закони, и кои најверојатно ќе послужат како аргументи за зголемување на бројот на војниците.

Учеството на Македонија во коалицијата што ја спроведува мисијата „Слобода за Ирак“ не е обврска која произлегува од нашите амбиции за влез во НАТО. Во коалицијата не учествуваат две третини од земјите членки на Алијансата, а од западноевропските држави учествуваат само Велика Британија и Данска. Тоа не е обврска ниту од нашиот кандидатски статус, а најдобар пример е Хрватска, која, иако не учестува во коалицијата, е понапред од нас во НАТО-интеграциите.

Лажен е и фактот дека трошоците за мисијата ги покриваат Американците или други сојузници. Во јавноста е малку познат фактот дека за македонското учество во крвавата мисија во Ирак од буџетот се издвојуваат по 5 милиони долари годишно. Тоа се пари од нашиот џеб - и ние ја финансираме окупацијата на Ирак.

Мисијата во Ирак не е мировна. Прво, како што изјави и генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан, мисијата е илегална. Значи, непотврдена со соодветна резолуција од ООН. Второ, таа никако не може да спаѓа во мировна, затоа што во моментот кога се случи инвазијата во земјата немаше војна. Трето, фактичката состојба не се поклопува со дефиницијата за тоа што е мировна мисија што ја даваат ООН - мисијата не создаде услови за мир, напротив, таму е се покрваво.

Лицемерен е фактот што мисијата се вика „Слобода за Ирак“ затоа што коалицијата ја окупираше државата која беше суверена. Фактот што во неа се градат четири американски бази не кажува дека војниците дошле да ја ослободат земјата и да си заминат, туку да останат. Тоа го прават окупатори, а не ослободители. Ова се потврдува и со неодамнешната изјава на поранешниот државен секретар на САД Колин Пауел кога во една своја изјава војната ја нарече окупација.
Фактичката ситуација на теренот сосема се поклопува со сите дефиниции на окупација, па и оние кои ги дава американскиот Департмент за одбрана.
И на крај, сите оние кои носат одлуки ги потсетуваме на „ослободителните“ мисии во Македонија што балканските држави ги спроведувале на почетокот на XX век.

Нема ништо од ветеното учество на македонски фирми во обновата на Ирак.

Нема дебата за македонското учество во Ирак, што ја оправдува констатацијата дека за учеството во Ирак постои политички консензус.

Бројката на цивилни жртви е околу 70.000 цивили (Iraq Body Count). Тоа воопшто не е показ дека војната е завршена. Секојдневните колежи и напади носат се повеќе жртви. Како што оценуваат аналитичарите, државата фактички се наоѓа во граѓанска војна.

Македонските војници во Ирак се секојдневно изложени на воен ризик. Фактот што неколкумина македонски војници беа одликувани со медал го докажува тоа. Медали не им се даваат на луѓето кои седат во базите и играат табла, туку на оние кои непосредно се ангажирани во ризични акции. Дополнително, Македонија во Ирак праќа елитни единици, наспрема претежно регрутниот состав на главнината од војската на САД.

Инвазијата и распоредувањето на трупите во Ирак не придонесуваат за борбата против тероризмот и не прават од светот побезбедно место за живеење. И Буш во една изјава признава дека Ирак нема врска со терористичките напади од 11 септември 2001 година. Инвазијата на почетокот беше оправдувана со информации дека Садам Хусеин има оружје за масовно уништување. Оружјето никогаш не беше пронајдено.
Дополнително, окупацијата на Ирак ќе продуцира непријателства што ќе долее масло на огнот и дополнително ќе придонесе за регрутација на нови генерации на терористи. Во оваа битка и Македонија и нејзиното мирољубиво население станува потенцијална мета на тероризмот.
Сето тоа значи дека војната не придонесува за безбедноста и за борбата против тероризмот.

Поради сето тоа, и поради мирољубивата традиција на македонскиот народ и сите што живеат во Македонија, ние застануваме зад ставот, гласно бараме Парламентот да донесе одлука да се повлечат македонските војници од Ирак, а државата да излезе од коалицијата „Слобода за Ирак“.
mary_jane
mary_jane
Модератор
Модератор

Female
Taurus

Треснал Глупости : 33
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 38
Се наоѓам : Skopje
Ден на регистрирање : 2007-12-02

Вратете се на почетокот Go down

Петиција- да ги вратиме момците од Ирак! Empty Re: Петиција- да ги вратиме момците од Ирак!

Пишување by Kosta Чет Дек 06 2007, 21:10

Абе се ова e ок и гласав се, најмногу поради фактот дека:

Дополнително, окупацијата на Ирак ќе продуцира непријателства што ќе долее масло на огнот и дополнително ќе придонесе за регрутација на нови генерации на терористи. Во оваа битка и Македонија и нејзиното мирољубиво население станува потенцијална мета на тероризмот.
Сето тоа значи дека војната не придонесува за безбедноста и за борбата против тероризмот.

Но се прашувам кој ја напишал оваа петиција? Мислите на војниците (кои иако си го ризикуваат животот таму ) не им одговора, да земаат огромна сума на пари. Можеби сум грешка, бидејќи не знам кој ја напишал петицијава. Гласав и добив на крај одговор дека:

746 Total Signatures

Со ова не одиме никаде Very Happy !
Kosta
Kosta
Најфорумче манијак
Најфорумче манијак

Male
Scorpio

Расположение : Петиција- да ги вратиме момците од Ирак! Relaxed
Треснал Глупости : 2202
Поени : 159
Репутација : 3
Поминат рок на траење : 38
Се наоѓам : Струга
Ден на регистрирање : 2007-05-16

http://www.najforumce.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Петиција- да ги вратиме момците од Ирак! Empty Re: Петиција- да ги вратиме момците од Ирак!

Пишување by bonte Чет Дек 06 2007, 23:16

jas neglasam zatoa sto ima dobrovolci tamo....
taka da ....
bonte
bonte
Технолошки Вишок
Технолошки Вишок

Male
Sagittarius

Расположение : Петиција- да ги вратиме момците од Ирак! Bored
Треснал Глупости : 1180
Поени : 24
Репутација : 1
Поминат рок на траење : 35
Се наоѓам : Struga
Ден на регистрирање : 2007-06-02

http://www.nemam.com

Вратете се на почетокот Go down

Петиција- да ги вратиме момците од Ирак! Empty Re: Петиција- да ги вратиме момците од Ирак!

Пишување by Kosta Пет Дек 07 2007, 00:00

bonte напиша:jas neglasam zatoa sto ima dobrovolci tamo....
taka da ....

Е баш ова сакав да го кажам Very Happy
Kosta
Kosta
Најфорумче манијак
Најфорумче манијак

Male
Scorpio

Расположение : Петиција- да ги вратиме момците од Ирак! Relaxed
Треснал Глупости : 2202
Поени : 159
Репутација : 3
Поминат рок на траење : 38
Се наоѓам : Струга
Ден на регистрирање : 2007-05-16

http://www.najforumce.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Петиција- да ги вратиме момците од Ирак! Empty Re: Петиција- да ги вратиме момците од Ирак!

Пишување by MaX Пет Дек 07 2007, 06:27

Да сепак се слагам дечките сами решиле да одат тамо,а не решиле да одат од убајна
него отишле можеби дека немаат друго чаре да заработаат по некој динар.
MaX
MaX
Вирус
Вирус

Male
Cancer

Расположение : Петиција- да ги вратиме момците од Ирак! Amused
Треснал Глупости : 2547
Поени : 70
Репутација : 3
Поминат рок на траење : 40
Се наоѓам : Struga
Ден на регистрирање : 2007-06-12

http://www.najforumce.com

Вратете се на почетокот Go down

Петиција- да ги вратиме момците од Ирак! Empty Re: Петиција- да ги вратиме момците од Ирак!

Пишување by bonte Пет Дек 07 2007, 19:03

am da be sega dan trebat po 100 den da uplatime .....
bonte
bonte
Технолошки Вишок
Технолошки Вишок

Male
Sagittarius

Расположение : Петиција- да ги вратиме момците од Ирак! Bored
Треснал Глупости : 1180
Поени : 24
Репутација : 1
Поминат рок на траење : 35
Се наоѓам : Struga
Ден на регистрирање : 2007-06-02

http://www.nemam.com

Вратете се на почетокот Go down

Петиција- да ги вратиме момците од Ирак! Empty Re: Петиција- да ги вратиме момците од Ирак!

Пишување by MaX Пет Дек 07 2007, 20:46

bonte напиша:am da be sega dan trebat po 100 den da uplatime .....

???????????????????????????????????

Хммммм,шо врска имаше ова?
MaX
MaX
Вирус
Вирус

Male
Cancer

Расположение : Петиција- да ги вратиме момците од Ирак! Amused
Треснал Глупости : 2547
Поени : 70
Репутација : 3
Поминат рок на траење : 40
Се наоѓам : Struga
Ден на регистрирање : 2007-06-12

http://www.najforumce.com

Вратете се на почетокот Go down

Петиција- да ги вратиме момците од Ирак! Empty Re: Петиција- да ги вратиме момците од Ирак!

Пишување by mary_jane Пон Дек 10 2007, 13:29

bonte напиша:am da be sega dan trebat po 100 den da uplatime .....

шо сакам вака паметни коментари Rolling Eyes <- i was beeing sarcastic Laughing
mary_jane
mary_jane
Модератор
Модератор

Female
Taurus

Треснал Глупости : 33
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 38
Се наоѓам : Skopje
Ден на регистрирање : 2007-12-02

Вратете се на почетокот Go down

Петиција- да ги вратиме момците од Ирак! Empty Re: Петиција- да ги вратиме момците од Ирак!

Пишување by Sponsored content

Sponsored content

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот