Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Е ова е храброст!

Go down

Е ова е храброст! Empty Е ова е храброст!

Пишување by GBL Сре Мар 31 2010, 18:21

Или сепак љубов која го брише стравот. Фактот дека овие мачиња го имаат префиксот диви и дека човекот понекогаш го гледаат како оброк не ја спречува Џени Шмит да живее со нив и да ги гушка и бакнува како да се мали домашни маченца (нешто слично на Кевин - "the lion whisperer").

Е ова е храброст! Lionluv455

Оваа јужноафриканка реши да живее 2 недели во резерват со бели лавови, во знак на протест против законот кој на ловците им дозволува за 165.000 долари легално да ги убиваат овие животни на кои им прети истребување.

Џени ќе јаде, спие и ќе ги поминува своите денови со 18 месеци стариот мажјак Зуба 7 месечната женка Сноубол - два бели лавови кои живеат во резерватот Mystic Monkeys and Wildlife Park.

Е ова е храброст! Lionluv240


Лавовското “дувло“ ќе гo напушта единствено за да се тушира, но ќе продолжи да ги носи истите алишта во текот на престојот за да лавовите можат да ја препознаат секојпат кога ќе се враќа назад.

Коментирајќи го својот храбар потег Џени вели: „Со овој чекор сакам да ја подигнам свесноста на нашата младина за нашето наследство. Овие лавови се јужноафриканска гордост“. Додава и дека нема намера да постави некаков рекорд, туку дека би го напуштила дувлото ако ситуацијата тоа го налага, пренесува Telegraph.

Во резерватот живеат вкупно четири бели лавови. Овој животински вид за локалното племе Шанган има посебно значење - припадниците на племето веруваат како овие големи мачки се ѕвезди кои се симнале од небесата.

Ние се надеваме дека двонеделниот престој на Џени ќе помине во најдобар ред и дека ќе резултира со љубов како онаа меѓу лавот Кристијан и неговите човечки пријатели .

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение : Е ова е храброст! Relaxed
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот