Закони за светиот ден
:: Најфорумче информатор :: :: Портал
Страна 1 of 1
20100331
Закони за светиот ден
Листи од бизарни закони има многу, но оваа е специфична затоа што се однесува на закони кои имаат за цел да го заштитат библискиот седми ден за одмор, па важат само во недела. Ви ги пренесуваме без посебен редослед, затоа што сите до еден се “верувале или не“.
Во Алабама во недела не сме да се игра домино, ниту да се продава зелка.
Во Арканзас е противзаконски да се шета со крава по главната улица после 13 часот.
Во Џорџија и Њујорк никој не смее во недела да носи корнет за сладолед во задниот џеб, додека во Орегон е целосно незаконски да се јаде сладолед на тој ден.
Во Илионис е забрането потпевнување, а во Масачусетс и Јужна Каролина сите мажи мораат во недела да ги носат своите пушки во црква.
Мажите во Мичиген не смеат намуртено да ги гледаат своите жени во недела, а во Западна Вирџинија целосно легално можат да ги тепаат своите жени на скалите од судот. Граѓаните на Њу Хемпшир не смеат да вршат нужда гледајќи нагоре, а во источен Њу Џерси не смеат да пеат “злобни“ песни.
Охајо забранува лов на китови во недела, а Њујорк не дозволува играње на билијард. На Роуд Ајленд е незаконски на ист купец да му се продаде и четка и паста за заби, а во Јужна Каролина не смеат да се продаваат музички инструменти.
Во недела во Вирџинија смеат да се ловат само ракуни, и тоа до два часот наутро. Во федералната држава Вашингтон никој не смее да купи душек во недела.
Но, немаат само државите вакви “чуднички“ закони. И некои градови во САД биле креативни, па си смислиле свои бизарни правила.
Така, во Бакнер во Мисури не смее да се пали ѓубре на недела, а во Св. Калуд во Минесота не смее да се јадат хамбургери. Секој друг ден смее да се носи револвер во Колорадо Спрингс, но не и во недела, на празник или на ден на избори. Во Хартфорд во Конектикат може да завршите во затвор ако ја бакнете својата жена во недела.
Што им се мотало низ главите на авторите на овие закони додека ги смислувале останува мистерија. Важно дале свој допринос во мноштвото бескорисни нешта создадени од човекот.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот