Ѓоко со автомобил до Осло
:: Најфорумче информатор :: :: Портал
Страна 1 of 1
20100331
Ѓоко со автомобил до Осло
Годинешниот претставник на Евровизија Ѓоко Танески до Осло ќе патува со автомобил, соопшти денеска неговиот тим за односи со јавност.
Танески и целосната делегација која брои 12 членови веќе се во подготовки за настапот на полуфиналето во Осло, а се надеваат дека ќе имаат можност да настапат во финалето.
Видео спотот за претставничката песна „Јас ја имам силата“ денеска беше официјално промовиран, а англиската верзија на песната ќе се снима по велигденските празници.
Спотот е снимен во студиото на Томато Продукција, а учествуваат манекенки од модното студио „Црнокрак“.
Националната телевизија на Норвешка ќе допатува во Македонија за да сними кадри за потребите на промотивниот материјал кој ќе се емитува пред настапот на Ѓоко.
„Во тек се и подготовките за сценската кореографија, на сцената со Ѓоко покрај Били Ѕвер ќе танцуваат три девојки кои ќе бидат и пратечки вокали“, изјави Мери Попова, уредник на забавната редакција на Македонската Радио Телевизија и додаде дека преку кореографијата ќе се раскаже една приказна која ќе содржи заплет, кулминација и расплет.
Ѓоко во текот на април ќе се промовира во Албанија, Србија, Бугарија, Романија, Холандија, а на 23 мај ќе посети основно училиште во Осло каде што учениците ќе раскажат што знаат и колку ја познаваат македонската култура.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот