“Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ по петти пат
:: Најфорумче информатор :: :: Портал
Страна 1 of 1
20100330
“Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ по петти пат
Во Македонија денес се одржува акцијата “Ден на дрвото“. На повеќе локации во земјава граѓаните ќе засадат околу 7,5 милиони садници. Оваа голема акција за пошумување, годинава се одржува по петти пат под мотото “Растеме заедно“.
Во неа активно учествуваат и претставници на државната и локална власт. Претседателот на државата Ѓорге Иванов ќе засади дрвце на локација кај езерото Младост, велешко. Премиерот Никола Груевски и министерот за финансии Зоран Ставревски ќе земат учество на “Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ во место Три круши, скопска населба Драчево.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ќе засади дрво во месноста Рудине, во склоп на резерватот “Јасен“ при ЈП “Јасен“, а пак во истовреме државниот секретар при МВР, Виолета Андоновска, ќе засади садница во месноста викана Зад коријата, крушевско. Првиот човек за одбрана ќе биде во Ресен во друштво со градоначалниците на општина Ресен, Михаил Волкановски и општина Пустец, Албанија, Едмонд Темелко.
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот