Русија укина две временски зони
:: Најфорумче информатор :: :: Портал
Страна 1 of 1
20100328
Русија укина две временски зони
На денот кога во поголемиот дел од Европа започнува летното сметање на времето, Русија одлучи да укине две од своите 11 временски зони, надевајќи се дека на овој начин ќе оствари бројни придобивки.
Заштеда на електрична енергија, заштита на околината, подобра одбрана комуникација и здравство се само дел од придобивките кои се верува дека ќе настанат како резултат на новата одлука, изјави претседателот Дмитриј Медведев.
Претставникот на рускиот географски институт, Аркади Тишков изјави дека научниците допрва треба да ги утврдат бенефитите кои ќе настанат како резултат на ваквата одлука.
Со новата одлука е укината досегашната временска разлика од еден час помеѓу Москва и Република Идмуртија на исток и областа Самара на југоисток. Поместување на времето ќе има и меѓу сибирската област Кемерова и Камчатка на рускиот далечен исток.
Во текот на 2011 година руските научници ќе ја разгледаат можноста за укинување на уште една временска зона без притоа да предизвикаат промена во биоритамот на граѓаните кои живеат во овие области.
Некои политичари се залагаат во Русија да има пет временски зони, на што се спротиставува претседателот Медведев.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот