Досадно ви е во врската? Следете ги овие 5 совети
:: Живот :: Љубов и Секс
Страна 1 of 1

За крајот на врската или за “малите излети“ често е крива досадата во врската. Повеќе нема возбуда, нема пеперутки во стомакот кога ќе го видите партнерот, деновите станаа исти, а секојдневието ви се сведува на заедничко гледање на телевизија.
Понекогаш се доволни едноставни чекори кои може да бидат делотворни. Повеќе за нив во продолжението.Доколку сакате на тоа да му ставите крај и да внесете возбуда, не треба особено да се трудите барајќи решение.
Одбирајте лични подароци
Дарувањето на партнерот е личен чин кој ја развеселува другата личност. Поради должината на врската или недостатокот на идеи, подароците се вртат во круг. Иако таа/тој сака чоколадо, тоа не значи дека секогаш треба да го купувате. Исто така не е важно дали подарокот е скап, туку треба да го изрази личниот печат, за да се види како сте мислеле на него/неа и сте се посветиле на купувањето или изработувањето на подарокот. Направете нешто самите - тоа може да биде особено романтично.
Вежбајте заедно
Во долгите врски луѓето понекогаш забораваат на својот изглед затоа што се опуштаат, па еден на друг не си се веќе привлечни. Затоа, заедничкото вежбање ќе има двојно дејство. Од една страна ќе вежбате заедно, заедничкото потење може да биде секси! Од друга страна вашите тела ќе се затегнат, ќе станат попривлечни и ќе ги разбудат искрите меѓу вас. Вашата издржливост веројатно ќе се преслика и во креветот каде зголемената кондиција ќе го разгори вашиот сексуален живот.
Преуредете го станот
Можеби ви звучи чудно и не ви е јасно како кречењето ѕидови или преместувањето на мебел ќе влијае врз вашата врска.Одговорот лежи во тоа дека заедничката работа ги зближува партнерите, а особено работата во која и двајцата подоцна ќе уживате. Малите чекори како купувањето на некој нов предмет за домаќинството или изработка на заедничка изработка на нешто, едноставно ќе ве зближи. Ако вашата врска стагнира, промените во станот позитивно ќе делуваат и врз вашиот однос. Доколку во спалната соба промените некои нешта, го преместите мебелот истото веројатно ќе влијае и врз вашата интима.
Овозможете си одмор
Романтичните одмори и места често добро влијаат врз заладените односи. Секојдневните обврски делуваат лошо врз партнерскиот однос. Затоа посветете си неколку денови или викенд само на себе, исклучете го мобилниот, децата оставете ги на чување и посветете се еден на друг. Можда во тие денови ќе ви стане јасно зошто сте со таа личност и колку ја сакате. Кога ќе се тргнете од секојдневниот стрес, веројатно пламенот меѓу вас повторно ќе се разгори.
Покажете интерес за партнеровите хобија
Понекогаш на оддалечувањето од партнерот влијае и тоа што не ве интересираат неговите хобија и не ви е важно што прави во слободното време. Ако немате заеднички точки, тоа влијае и на чувството на блискост. Затоа е важно да најдете компромис околу тие нешта и да се обидете да се вклопите во хобито на другиот.
Тоа не значи дека морате заедно со него да викате од трибини, но понекогаш покажете интересирање и допуштете му до крај да ви ги објасни правилата и улогите на играчте. После тоа тој веројатно ќе сака со вас во кино да гледа некоја романтична комедија или драма. Таквите мали чекори може добро да влијаат врз вашата врска.
За да ја освежите врската не мора да правите некои екстремно возбудливи нешта. Баш напротив - малите нешта играат голема улога. Клучно е да во односот внесете спонтаност и срцето на вашиот партнер тоа ќе го препознае.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
:: Живот :: Љубов и Секс
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот