Само затвор си е дома
Само затвор си е дома
Силвестер Џајлс е осуден на 15 годишна затворска казна бидејќи ги повреди одредбите на својата условна казна. Како? Од страв за својот живот се обидел да провали во - затвор.
Судијата го прати 25-годишниот Силвестер Џајлс во затвор на казна не помала од 15 години поради недозволено влегување на затворскиот имот и напад на службено лице.
Властите изјавија дека Силвестер во август минатата година е фатен како се прекачува по затворската ограда во обид да влезе во затворот. Натрапникот веднаш е хоспитализиран поради повреди при контактот со бодликавата жица, пишува NBC Miami.
Џајлс недела дена пред тоа е пуштен од затворот бидејќи во договор со обвинителството прифатил слобода во замена за информација за едно убиство. Сфаќајќи дека спогодбата надвор може да го чини живот, Силвестер фино ги замолил властите да го примат назад во затворот, но неговото барање било одбиено.
Плашејќи се од одмазда на фамилијата на жртвата, се обидел на сила да влезе во затвор, а желбата после краток престој во болница - конечно му е услишена. Фали уште да го стават во келија со човекот кого го „исцинкарил“...

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот