Заканувачки пораки за Обама на „Twitter"
:: Најфорумче информатор :: :: Портал
Страна 1 of 1
20100323
Заканувачки пораки за Обама на „Twitter"
Американските тајни служби започнаа истрага против двајца корисници на социјалната мрежа “Твитер“ кои повикале да се ликвидира американскиот претседател Барак Обама поради здравствената реформа што беше изгласана од страна на Конгресот.
“Атентат! Америка преживеа атентат на Линколн и Кенеди. Ќе преживееме и уште еден куршум во главата на Обама“-гласела пораката на “Твитер“ чиј автор бил извесниот Соли Форел кој себеси се претставил како конзервативец и автентичен Афроамериканец.
Во исто време на социјалната мрежа биле идентификувани и други корисници кои напишале заканувачки пораки наменети за претседателот Обама. “Барак Обама треба да биде убиен. Сам би го средил кога би живеел во Вашингтон“напишал на својот профил Џеј Мартин кој исто така се претставил како Афроамериканец.
Американските тајни служби сериозно ги сфатиле ваквите заканувачки пораки и започнале истрага против нивните автори.
Здравствената реформа на претседателот Обама ја подели Америка. Голем број Американци сметаат дека истата води кон социјализам.
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот