Арсенал - Барса, Баерн - Јунајтед во 1/4 финалето од ЛШ

Арсенал - Барселона и Баерн Минхен - Манчестер Јунајтед се дерби
натпреварите од 1/4 финалето во ЛШ, Интер ја доби ЦСКА Москва, Лион ќе
игра против Бордо.
Познати се 1/4 финалните дуели од Лигата на Шампионите и можните полуфинални натпревари во најголемото клубско натпреварување.
Арсенал - Барселона е натпреварот кој предизвикува најголемо
внимание, дуел на двете офанзивни екипи кои според многумина го играат
најубавиот фудбал за око.
Топџиите немаа среќа да го избегнат Европскиот шампион кој важи за фаворит во овој двомеч.
Не помалку интересен ќе биде и дуелот помеѓу Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.
Баварците имаат можност и по втор пат да им се одмаздат на Црвените
Ѓаволи за историското финале во Лигата на Шампионите кое Манчестер
Јунајтед го доби со два гола во судиското продолжение.
На хартија Интер доби полесен противник во 1/4 финалето, Нероазурите ќе играат против ЦСКА Москва.
Франција ќе има сигурен полуфиналист, бидејќи Лион против Бордо се среќаваат во 1/4 финалето.
Познати се и можните полуфинални дуели, Интер можеби ќе има лесен
противник во 1/4 финалето но доколку помине ќе има тешко полуфинале
бидејќи ќе се сретне со победникот од дуелот помеѓу Арсенал и Барселона.
Второто полуфинале ќе го сочинуваат победникот од натпреварот Баерн - Манчестер и победникот од дуелот Лион - Бордо.
Лига на Шампиони 1/4 финале
Лион - Бордо
Баерн Минхен - Манчестер Јунајтед
Арсенал - Барселона
Интер - ЦСКА Москва
Првите натпревари се играат на 30/31 март, реваншите се закажани за 6/7 април.
Лига на Шампиони 1/2 финале
Баерн Минхен/Манчестер Јунајтед - Лион/Бордо
Интер/ЦСКА Москва - Арсенал/Барселона
Првите натпревари се играат на 20/21 април, реваншите се закажани за 27/28 април
Финалето од Лигата на Шампионите се игра во Мадрид на 22 мај.

BuDaLoTo_DeTe_- Најjакиот
-
Расположение :
Треснал Глупости : 149
Поени : 446
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 31
Се наоѓам : kaj Megan Fox
Ден на регистрирање : 2009-06-19
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот