Свештеници во Бразил сексуално искористувале момчиња
:: Најфорумче информатор :: :: Портал
Страна 1 of 1
20100317
Свештеници во Бразил сексуално искористувале момчиња
Бразилска телевизија објавила снимки кои откриваат дека католичките свештеници сексуално искористувале млади момчиња во Бразил.
Скандалот изби во вторникот откако телевизијата SBT објавила видео снимки на кој се гледа сексуален чин помеѓу 82 годишниот свештеник, Луис Маркес Барбоса и неговиот деветнаесетгодишен помошник при црквениот олтар.
Младото момче му било помошник на Барбоса четири години, наведуваат агенциите.
Телевизијата ја објавила и приказната на три бивши членови на детскиот црковен хор од градот Арапирака, на североистокот на Бразил. Еден од овие тројца, кој сега има 20 години, тврди дека бил присилен на сексуални односи со Барбоса кога имал 12 години, и дека Барбоса „имал безброј момчиња“.
За сексуално злоставување се товарат уште два свештеника од црквата: Раимундо Гомес (52) и Едилсон Дуарте (43).
Бразилската црква соопшти дека по повод овој скандал тројцата свештеници се суспендирани.
Полицијата соопшти дека отворила истрага и осомничените свештеници нема да бидат во притвор до завршувањето на истрагата.
Портпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди, потврди дека Светата столица е известена за овој случај, пренесуваат агенциите.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот