Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Петрески најави кривични пријави за состојбата со Охридското езеро

Go down

20100315

Пишување 

Петрески најави кривични пријави за состојбата со Охридското езеро Empty Петрески најави кривични пријави за состојбата со Охридското езеро




Поднесување на кривични пријави против сите што се одговорни за проблемите предизвикани од високиот водостој на Охридското езеро, најави денеска градоначалникот на Охрид Александар Петрески.

Петрески најави кривични пријави за состојбата со Охридското езеро Img16616365

Петрески, кој ја прекина посетата на Австралија по реакциите на јавноста, веднаш свика прес конференција, на која најави кривични пријави против раководството на ЕЛЕМ, но и против македонскиот амбасадор во Австралија.

„Аце, како што многумина ме нарекуваат, се врати од Австралија, но дали со тоа заминува и одговорноста на ЕЛЕМ кој го држеше висок водостојот на езерото“, изјави Петрески.

Тој, како што јави репортерот на Макфакс, информираше дека формирал експертски тим, кој констатирал дека состојбата со езерото е последица на човечки фактор, а не на природата.

„Ќе поднесам кривични пријави за фашистички напади врз функцијата градоначалник и за сите што се виновни за водостојот на езерото“, изјави Петрески.

Според него, владејачката партија го искористила неговото отсуство, за да го смени мислењето околу состојбата со езерото.

Што е однесува до оправданоста за неговата посета на Австралија, Петрески појасни дека таа била од интерес за градот Охрид, бидејќи остварил многу важни средби со иселениците од охридско, кои биле сериозно заинтересирани да инвестираат во родниот крај.

Петрески се пофали дека бил единствениот Македонец кој влегол во двата дома на австралискиот парламент, бил примен од неколку градоначалници и остварил средби со повеќе групи на иселениците.

Охридскиот градоначалник се пожали дека се соочил со опструкција од страна на македонската амбасада во Австралија, која според него, се обидувала на сите начини да ги откаже сите негови средби, за што Петрески најави поднесување на кривични пријави.

Петрески додаде и дека од Охрид бил отсутен само два работни дена, што ВМРО-ДПМНЕ го искористило за, како што рече, мачкање очи на јавноста.
avatar
GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение : Петрески најави кривични пријави за состојбата со Охридското езеро Relaxed
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот