Бекам ќе го пропушти СП во Јужна Африка
:: Најфорумче информатор :: :: Портал
Страна 1 of 1
20100315
Бекам ќе го пропушти СП во Јужна Африка
Бизарна повреда што Дејвид Бекам ја задоби во финишот на првенствениот натпревар против Киево, ќе го чини настап на Светското првенство.
Во 84-тата минута славниот англиски фудбалер пропушти чиста шанса за гол, а пет минути подоцна, при едно кратко додавање, лошо стапна на левата нога. Бекам веднаш почна да потскокнува на теренот и да бара замена, но веќе беа извршени три замени во екипата на Милан, така што мораше да излезе од теренот и пред свирежот на судијата.
Според првичните прегледи, пукнала Ахиловата тетива на Бекам, па поради тоа ќе мора да мирува најмалку три месеци
Бекам во Милан игра како позајмен играч од американскиот ЛА Галакси до крајот на сезоната. Со 115 настапи тој е рекордер во англиската репрезентација, а досега настапуваше на Светските првенства во 1998, 2002 и 2006. година. Апсолутен рекордер е поранешниот голман Питер Шилтон со 125 настапи.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот