Пониски царини и акцизи за автомобилите
:: Најфорумче информатор :: :: Портал
Страна 1 of 1
20100313
Пониски царини и акцизи за автомобилите
Проектот за пониски акцизи и пониска царина за увезените возила во Македонија од денеска официјално стапува во сила, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Ставрески при неговата посета на царинско складиште „Дени Интернешнал“ изрази увереност дека царинските работници се подготвени за ефикасно да ги спроведат потребните постапки.
Директорот на македонската царина Ванчо Каргов изјави дека во наредниот период ќе бидат воведени дополнителни смени и во сабота и недела со цел граѓаните да можат навремено и без проблеми да ја завршат постапката.
Според досегашните информации, на царинско складиште „Дени Интернешнал“ има околу 400 возила, а вкупно на складиштата има преку 1300 возила, бројка која се очекува во наредните недели значително да се зголеми.
Ставрески апелираше до граѓаните кои имаат возила со странски регистарски таблички да го искористат овој период од шест месеци кој истекува во септември за да ги регистрираат возилата на свое име.
Каргов рече дека при пресметување на царината во предвид ќе се зема вредноста на возилото според документите за плаќање, а доколку тие не се прифатливи, дури тогаш висината на царината ќе се утврдува според царинскиот каталог.
Ставрески изјави дека приходите во буџетот од регистрација на досегашните возила и увезувањето на нови возила годинава ќе се движат некаде помеѓу 10 и 20 милиони евра.
Каргов соопшти дека детални информации околу последиците на штрајкот во Грција врз македонските компании царината чека од стопанските комори за потоа да ги достави до вицепремиерот за економски прашања.
Ставревски денеска ќе се состане и со потпретседателот на Светска банка со цел да се договори основната рамка за проектите кои ќе ги поддржи Светската банка во наредните три години.
Вицепремиерот рече дека приоритетни ќе бидат проектите од енергетиката и инфраструктурата, особено проектот за изградба на регионален далновод од Штип до Ниш кој ќе го финансира Светската Банка, додека за коридорите 8 и 10 ќе се најдат други решенија.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот