Фетел: Некој стар германец се вратил и мене повеќе никој не ме гледа!
:: Најфорумче информатор :: :: Портал
Страна 1 of 1
20100313
Фетел: Некој стар германец се вратил и мене повеќе никој не ме гледа!
Пилотот на Ф1-тимот на Ред Бул, Себастијан Фетел со гордост истакнува дека во неговиот тим единствено што владее е хармоничниот однос меѓу тимските колеги, во одност на другите екипи кои се фаворити за титулата.
Првата трка сезонава во најелитното авто-мото натпреварување во Бахреин е веќе овој викенд, а Фетел се надева дека 2010-та година ќе биде обележана со одлични трки, а не со скандали и афери.
„Оваа сезона би можела да биде посреќна од минатата па се повеќе да зборување на тркањето и натпреварувањето, а не за политика и работните одлуки.“
„Ги имаме МекЛарен, Мерцедес, Ферари и Ред Бул. Тешко е да се каже кој каде е. Некој од нас ќе заврши прв, а некој дури осми.“ - изјави Фетел за англискиот весник „Гардијан“ осврнувајќи се потоа на тимските дуели во внатрешноста на тимот.
„Имаме интересни комбинации на тимските колеги. Имаме два британски возачи во МекЛарен. Нема да му биде лесно на Батон воопшто. Луис е многу брз и ја знае оваа екипа со години. Сетете се што направи во 2007-та година, кога конкурент му беше Фернандо Алонос. А исто така многу интересен ќе биде односот на возачите во Ферари.“
„Во Германија луѓето најмногу се интересираат меѓу Михаел и Нико. Сешто може да се случи во овие три екипи. Но, најспектакуларна комбинација сме јас и Марк Вебер. Меѓу нас не постојат никакви проблеми. Секако дека сакаме да се надминуваме меѓу себе, но добро се снаоѓаме.“ - тврди 22-годишниот германец.
Актуелниот светски вицешампион покрај анализите кои ги понуди за тимовите во пресрет на почетокот на Ф1-сезоната, низ смеа ја прокоментира темата околу губењето на својот публицитет во новата сезона.
„Човек би очекувал да добијам повеќе публицитет, но добивам помалку. Тоа е затоа што некој стар германец се вратил и сите пишуваат за него, а тоа е добро за мене. Но, му ја симнувам капата на тој стар германец.“ - додаде духовитиот Себастијан.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот