Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

6 најчести заблуди за лезбејките

Go down

6 најчести заблуди за лезбејките Empty 6 најчести заблуди за лезбејките

Пишување by GBL Пет Мар 12 2010, 20:09

Многу предрасуди и невистини ги опкружуваат лезбејките и нивниот начин на живот. Прочитајте кои се најчестите заблуди и што е всушност вистината.

6 најчести заблуди за лезбејките Lesbians240-3_0

Лезбејките се препознаваат по надворешниот изглед

ога тоа би било вистина, тогаш пријателите и роднините на овие жени не би биле толку изненадени кога тие им ја признаваат својата хомосексуалност. Лезбејките не се секогаш со стереотипен надворешен изглед: кратка коса, машка облека и не женствени движења и држење на телото. Некои лезбејки се многу женствени, други имаат повеќе машки имиџ, а некои комбинираат, но правила нема.

Надворешниот изглед на жената не е никаков индикатор за нејзината сексуална ориентација туку, баш напротив, жените од сите сексуални ориентации комбинираат најразлични стилови и оддаваат поинаква надворешна слика за себе.

Едната партнерка ја игра улогата на маж во врската

Само некои лезбејски парови функционираат така што едната ја превзема улогата на мажот, а другата улогата на жената. Повеќето лезбејски врски функционираат на начин што и двете жени добро се чувствуваат во својата кожа, размислуваат и се однесуваат како жени. Сепак, тоа е исклучително индивидуално и се разликува од врска до врска.

За да дознаеш дали си лезбејка, мораш прво да бидеш со жена

Како хетеросексуалците, така и хомосексуалците својата сексуална припадност ја знаат и без да експериментираат со истиот пол. Сексуалниот идентитет се формира многу брзо, а освен тоа не е животна одлука туку, како што потврдија истражувањата, нешто вродено. Тоа не е последица на опседнатост како што толкува црквата и не може да се излечи, ниту е последица на разочарување од мажите, туку е нешто со кое се раѓаме.

6 најчести заблуди за лезбејките Lesbians230_2

Лезбејките сакаат да бидат мажи

Некои трансексуални лезбејки се билошки жени, но психички се чувствуваат како мажи и така функционираат се' додека не се одлучат за промена на полот. Но, тоа е нешто сосема поинакво од убедувањето дека сите лезбејки жалат што не биле родени како мажи. Лезбејките не сакаат да станат мажи, не им завидуваат и не се љубоморни на нивниот пенис.

6 најчести заблуди за лезбејките Lesbians240-2_1

Лезбејките сакаат да ги “преобратат“ другите жени

Постои мит кој вели дека лезбејките тактично ловат нови “членови“, односно хетеросексуални жени кои ги вовлекуваат во лезбејските кругови и се обидуваат да ги убедат да ја променат сексуалната ориентација. Овој мит е најверојатно поврзан со фактот дека многу девојки сами на себе си ја признаваат својата ориентација дури кога ќе се отселат од родителскиот дом или кога ќе се преселат во нова околина. Тоа се објаснува со фактот дека девојките во тој период се посветуваат на себе си, се запознаваат и добиваат слобода конечно да бидат она што се надвор од околината која ги држела “под лупа“.

Нa нивните родители, пријатели и роднини од местото од кое потекнуваат им изгледа дека некој или нешто ги вовлекло во тој свет кој се разликува од нивното поимање на “нормалното“. Можеби тоа е
нешто што не го посакувале за својата ќерка, туку сакале да има дечко и семејство какво што тие си замислиле. На повеќето родители им е многу тешко да признаат дека хомосексуалноста е природна состојба на нивното дете.

Хомосексуалците не може да бидат религиозни

Како и хетеросексуалците, и лезбејките може да бидат атеисти или верници. Некои религии на хомосексуалците гледаат како на грешници, а некои други ја ценат религиозноста на човекот без оглед на неговата сексуалност и сексуална ориентација. Христијанството најчесто е негативно настроено кон хомосексуалците, но постојат цркви на кои тоа не им претставува никаков проблем, како што се лутеранската црква во Австралија, евангелистичката во Висконсин и Шведската црква.

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение : 6 најчести заблуди за лезбејките Relaxed
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот