Пензионерите му подарија фотеља со црвена панделка на Црвенковски
:: Најфорумче информатор :: :: Портал
Страна 1 of 1
20100312
Пензионерите му подарија фотеља со црвена панделка на Црвенковски
Истурени гајба домати пред седиштето на СДСМ и со парола „Бранко ги лаже стечајците за да дојде до фотеља“.
Вака денеска околу 30-тина поранешни стечајци, сегашни пензионери, го изразија своето незадоволство од работењето на лидерот на СДСМ и екс-премиер Бранко Црвенковски, барајќи од него да престане да ги манипулираа и лаже стечајците.
За таа цел групата граѓани која негираше дека е организирана од владеачката партија, пред седиштето на партијата, му подарија на Црвенковски фотеља со црвена панделка, на која му порачаа да ужива во претседателската пензија и да се повлече од политичкиот живот.
„Ние не веруваме дека Црвенковски ја разбира маката на земјоделците и невработените стечајците. Бранко Црвенковски го интересира само власт, него му е важна само фотељата. Денеска сме овде за да го потсетиме дека за време на неговото владеење оваа група на граѓани беа фрлени на работ на егзистенцијата и од нас направи социјални случаеви“, рече Милица Миленковска, пензионер и учесник на денешниот протест.
На ова експресно реагираше портпаролот на СДСМ Емилијан Станковиќ, кој рече дека зад овие протести стои владеачката партија во која партиски војници испратени од премерот дoаѓаат овде и ги остваруваат задачите поставени од нивниот шеф.
„Денес 43 измрцварени партиски војници свечено го испратија својот шеф на работа која ја напушти зградата во 12 часот и 41 минута.Тоа го прави впрочем секој ден и ние како соседи имаме прилика тоа да го видиме. Ние тврдиме дека овие протести се партиски организирани до страна ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Станковиќ од пред зградата каде што живее премерот Никола Груевски.
Вчера истата група на граѓани во знак на револт, во седиштето на СДСМ однесоа крава на која пишуваше „Да знаев да зборам ќе сведочев против тебе“.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот