Oриент Експрес: од Лондон до Пекинг за 2 дена
:: Најфорумче информатор :: :: Портал
Страна 1 of 1
20100311
Oриент Експрес: од Лондон до Пекинг за 2 дена
Кога би требало да замислите колку би траело патувањето на директна железничка линија Лондон-Пекинг, колку би било тоа? Според Кинезите, само два дена.
Амбициозниот проект на Кина во кој се планира изградба на железничка линија од типот „Ориент Експрес“ низ Европа, можно е да се оствари веќе во оваа декада. Комплетната траса би била финансирана од земјите на Блискиот исток, Азија и Индија, во замена за пристап до природните ресурси на земјите низ кои ќе проаѓа. Кинезите планираат да постават возови кои ќе итаат со 320 km/h по оваа траса.
Главната линија би ги поврзувала Лондон и Пекинг преку Париз, Берлин, Варшава, Киев, Санкт Петерсбург, Москва, Астана (Казакстан) и Кабаровска на крајниот исток на Русија, пишува Daily Mail. На оваа траса би се надоврзале и оние кои би воделе во Туркменистан, Иран, Индија, Виетнам, Тајланд, Камбоџа, Малезија и Сингапур. Иако летот со авион од Пекинг до Лондон изнесува се на се 10 часа, во железничката траса со должина од околу 13.000 километри истата релација временски би се минувала за два дена, тврди Ванг Менгшу, консултант во кинеските железници.
Кина неодамна го пушти во погон најбрзиот воз во светот кој може да постигне 400 километри на час, што значи дека возот за оваа релација - веќе е подготвен. Ванг заклучува дека во најдобар случај, целата линија би требало да биде готова во наредните десет години.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот