Зидан: „Ќе умрам, но нема да му се извинам на Матераци“
:: Најфорумче информатор :: :: Портал
Страна 1 of 1
20100302
Зидан: „Ќе умрам, но нема да му се извинам на Матераци“
Поранешниот капитен на француската фудбалска репрезентација изјави дека попрво би умрел отколку да му се извини на Марко Матераци за удирањето со глава на финалниот натпревар од Светското првенство во 2006 година.
Зидан беше исклучен од страна на судијата Хектор Елизондо откако го удри Марко Матераци за време на финалниот натпревар од Светското првенство. Матераци наводно за време на натпреварот го провоцирал и навредувал Зидан.
Французинот изрази жалење за ударот но одби да се извини на Матераци за ударот со глава. „Се разбира дека се прекорував себе си за тоа што го направив но ако изразам жалење тогаш би требало да признаам дека тоа што тој го направи беше нешто нормално, но не беше, “ изјави Зидан за весникот Ел Паис.
Зидан додаде дека на теренот Матераци повеќе пати ги навредувал неговата мајка и сестра.
„Да се извинам за тоа што го направив? Не. Да беше Кака или друг обичен човек ќе се извинев но не и на Матераци. Зинедин Зидан моментално се специјален советник на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот