Нежниот Адолф на аукција
Нежниот Адолф на аукција
Две скици направени од нереализираната уметничка рака на Адолф Хитлер која јавноста досега немаше прилика да ги погледне ќе бидат продадени на аукција во Велика Британија. На една е прикажана млада гола жена, додека другата веројатно ја претставува неговата мајка.
Скиците датираат од раните 1900-ти и се направени за време на неговиот престој во Виена, а се очекува дека ќе достигнат цена од преку 20.000 евра.
Во тоа време нацистичкиот лидер вежбал различни стилови сакајќи да се запише во уметничко училиште.
Лицето на постарата жена потсетува на неговата мајка. Нацртана е во 1908. година, откако таа починала од рак, па многумина претпоставуваат дека нејзините затворени очи ја симболизираат смртта.
Една година порано Хитлер насликал акт на млада атрактивна жена која градите ги прекрива со рацете и прекривач, а лицето и е сокриено.
Наведените скици даваат нешто поразличен увид во мрачниот ум на нацистичкиот лидер чиј карактер прилично се изменил од почетокот на Првата светска војна.
Ричард Вествуд-Брукс, продавачот на сликите за Telegraph изјави:
„Тоа што на актот не е прикажано лицето на жената не значи дека тој незнаел да го нацрта. Можеби оваа жена нема лик бидејќи Хитлер гледал на луѓето како на безживотни работи“.
Сликите ќе се продаваат во една галерија во Ладлоу, Велика Британија.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот