Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Позитивната страна на мастурбацијата

2 posters

Go down

Позитивната страна на мастурбацијата Empty Позитивната страна на мастурбацијата

Пишување by GBL Пон Мар 01 2010, 18:01

Кога се мисли на позитивните ефекти на мастурбирањето, најчесто се мисли на физички и психолошки ефекти кои најчесто се позитивни.


Позитивната страна на мастурбацијата Mst

САМ СВОЈ СЕКСОЛОГ
За да знаеме што точно сакаме во сексот, што е она што сакаат другите луѓе, како треба да се однесуваме во сексуалниот однос, морамe да го запознаеме своето тело во прв план. Треба да знаеме како нашето тело реагира на одредени стимулации и што е она што ја зголемува и задушава страстa. Можеме да го направиме ова доколку ги истражуваме нашите тела со помош на мастурбацијата. Кога знаеме што е она што ни годи, ние секако знаеме како да се однесуваме во кревет со нашиот партнер. Тоа е особено важно за жените, затоа што жените имаат многу почесто проблеми од мажите да постигнат оргазам. Жената треба да знае која сексуална стимулација ја прави да се чувствува добро со цел да заштеди од својата енергија и од енергијата на партнерот. Секое потенцијално разочарување во текот на сексуалниот однос може да биде надминато на овој начин. Ако мажот и жената си знаат добро своите тела, тие се сопствени најдобри сексолози.

СМИРУВАЧКИОТ ЕФЕКТ НА МАСТУРБАЦИЈАТА
Во свет во кој стресот го наоѓаме на секој агол, прекрасно е да поминеме одредено време за релаксација. Еден од најдобрите начини за релаксација е дефинитивно матурбацијата, во текот на која ќе заборавите на се и ќе си создадете позитивна атмосфера. Влезете во ароматична бања, опуштете се со добра музика и направате изолација од останатиот свет. Фоскусирајте се само на себе и на своето тело. Предајте се на оргазмот кој ќе ве натера да заборавите на сите ваши грижи. Ако еден оргазам не е доволен, пробајте со уште еден. Ветуваме дека ова е еден начините како полесно да се релаксирате и смирите од секојдневните работи.

МАСТУРБАЦИЈАТА СПРЕЧУВА РАК
Многу истражувања покажуваа дека токму мастурбацијата може да ги намали шансите за заболување од рак, особен кај мажите. Клучот е во тоа што мажите со самата ејакулација не дозволуваат семето да се задржи во простата и истовремено не дозволуваат да се задржат хемикалиите кои го предизвикуваат канцерот. Мажите кои ејакулираат 5 пати неделно, имаат 30% помали шанси да заболат од рак на простата, но истовремено е важно и да имаат што помала бројка на сексуални партнери.

Во април 2008 година, Центарот за канцер во Мелбурн спроведе студија во која беа вклучени 2250 мажи. Половина од нив имале рак на простата. Во истражувањето биле вклучени мажи на возраст од 20-50 години кои прашани за своите сексуални навики. По сумирањето на одговорите, се покажало дека мажите кои мастурбираат имаат помали шанси да добијат рак.

МАСТУРБАЦИЈА ЗА ДОБРА НОЌ
Заборавете на апчиња за спиење, топло млеко или пак броење овци. Кога сте во борба со несоницата и колку и да мислите дека е тешко да заспиете, обидете се да заспиете со помош на мастурбација. Ослободете ја вашата имагинација и предадете се на вашите фантазии. Кога ќе се случи магичниот момент, вашето тело ќе се релаксира, ќе се чувстувате пријатно и веднаш ќе заспиете.

МАСТУРБАЦИЈАТА МОЖЕ ДА ВИ ПОМОГНЕ ДА СТАНЕТЕ ГОЛЕМ ЉУБОВНИК
Мажот кој со помош на мастурбацијата ќе се обиде да го осознае своето тело, може да дознае како да ја контролира својата ејакулација. Тој ќе знае како да ги препознае знаци кои ќе му кажуваат дека доаѓа ејакулацијата и ќе му помогне во нејзиното одложување. Одложување на ејакулација е добра техника која ќе ви послужи за време на сексуалниот оснос. Преку мастурбирањето мажот ќе научи да го слуша своето тело кое ќе го направи голем љубовник во очите на својот партнер.

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение : Позитивната страна на мастурбацијата Relaxed
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Вратете се на почетокот Go down

Позитивната страна на мастурбацијата Empty Re: Позитивната страна на мастурбацијата

Пишување by Vlado-Tornado Вто Мар 02 2010, 05:37

Smile lol... true
Vlado-Tornado
Vlado-Tornado
Администратор
Администратор

Male
Cancer

Треснал Глупости : 297
Поени : 10
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 38
Ден на регистрирање : 2007-05-16

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот