Анти-спам победа
:: Најфорумче информатор :: :: Портал
Страна 1 of 1
20100301
Анти-спам победа
Microsoft ја доби судската парница против т.н. Waledac Botnet, кој користеше дури 277 интернет домени за праќање на спам пораки до корисниците на интернетот.
Ботнет е всушност мрежа на инфицирани компјутери кои се контролирани од хакери. Microsoft наведува дека затворањето на сите овие интернет домени значи дека околу 90.000 компјутери ќе престанат да примаат наредби за праќање на спам на интернет.
Неодамнешната анализа покажа дека Waledac мрежата имала неверојатни 551 милион спам и-мејл адреси, поврзани само со Hotmail. Наведено е и дека оваа ботнет мрежа е една од 10-те најголеми во САД. За нечиј компјутер да стане дел од ботбет, обично треба да е заразен од вирус или црв, а сопственикот на компјутерот најчесто не ни знае дека персоналецот му е под туѓа контрола.
„Оваа пресуда брзо и ефективно го пресече прометот кон Waledac на .com доменот, преку наметнувањето на Verisign, кој привремено го гаси доменот и ја прекинува комуникацијата меѓу ботнет мрежата и илјадниците нејзини зомби-компјутери ширум светот“, соопштија од Microsoft а пренесува БиБиСи.
На компанијата во акцијата против хакерите на помош и дојдоа агенцијата за информирање Shadowserver, Универзитетот во Вашингтон и компанијата Symantec.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 41
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот